Тунешко

Тестирање на примероци риба од продавници и ресторани во САД покажало дека преку половина од она што се продава од туна е нешто друго.

Испитувањата ги правела непрофитна организација земајќи 1,215 мостри риба од продажни места а генетските тестови покажале дека:

- 59 проценти од туната не е туна.

- Суши рестораните далеку повеќе лажираат од продавниците

- Во Чикаго, Остин, Њујорк и Вашингтон, ама баш секој примерок од декларирана туна не бил туна.

89 проценти од она што се продавало како бела туна всушност била рибата есколар (од која се добива една непријатно подмачкувачка нуспојава наречена oily anal leakage.- Единствената риба која се лажира повеќе од туната е снеперот.

22 февруари 2013 - 10:34