Индепендент ја пренесува изјавата на еден француски политичар, според кој законот со кој се забранува користење коњи на романските патишта веројатно е причината за растот на измамите со коњско месо на европскиот пазар на говедско месо.
"Коњските коли со векови се честа форма на транспорт во Романија, но се стравува дека по промената на законите стотици илјади животни се пратени во кланица."
Законот е донесен пред 6 години, но дури неодамна почна сериозно да се спроведува, а со него подеднкво како коњите забранети се и магарешките коли. Ова дополнително го вознемири западот на Европа, каде што почнаа да се сомневаат дека е многу веројатно добар дел од спорното месо да е магарешко.