Нутелагејт

Универзитетот Колумбија уште на почетокот на годината има проблем со буџетот откако реши секој ден да служи Нутела во студентските мензи.

Во првите неколку дена студентите трошеле најмалку по 50 килограми Нутела на ден, изјавиле од Студентскиот сојуз на Универзитетот, кои се всушност и луѓето што го натераа Универзитетот да го обезбеди чоколадниот крем.

Се проценува дека неделниот трошок за Нутела е околу 5.000 долари. Неочекуваниот дел околу сумата е што до сега целата храна во кантините им е достапна на студентите за "паушал," меѓутоа никогаш до сега не се случило тие да навалат или масовно да почнат да собираат од некое јадење и да го носат во соба.

До сега, Нутелата во Универзитетот беше достапна само во сабота со палачинки.

8 март 2013 - 16:33