Ваквиот заклчуок произлегува од една студија за однесувањето на децата во која било утврдено дека малите се секогаш сомничави кон растенијата и дека тоа најверојатно се должи на инстинктивниот став дека е можно тие да бидат отровни.
Децава биле пуштени да си играат во контролирани услови и се видело дека тие многу послободно земаат метални или пластични објекти во рака отколку живи растенија. Притоа, нивната претпазливост не може да се протолкува поинаку освен како вродена.
Растенијата честопати содржат одбрамбени токсини и предаторите еволутивно развиле механизами кои им овозможуваат да преживеат, велат истражувачите според кои избегнувањето на зеленилото е особено силно во модерниот и урбан свет во кој растенијата не се природен дел од човековото опкружување.