Слаткиот кафен намаз Нутела стана глобален производ од таков ранг, што Оганизацијата за економска соработка и развој го искористи во нејзиниот последен извештај за глобалните синџири на вредност.
Годишно се продаваат 250,000 тони Нутела низ 75 земји низ светот. Но, тоа не е толку интересно. Нутела е изгледа совршен пример за тоа што значи глобализацијата за популарните прехранбени продукти: не само што тие се продаваат насекаде, туку и состојките потекнуваат од различни точки во светот.
Иако Фереро Интернационал, компанијата која стои зад Нутела, е лоцирана во Италија, има фабрики во Европа, Русија, Северна и Јужна Америка. И иако некои од суровините се од локално потекло, повеќето се увезуваат: лешниците од Турција, маслото од палма од Малезија, какаото од Нигерија, шеќерот е или од Бразил или од Европа а ванилата од Франција.
Еве како тоа изгледа на мапа: