Самиот рецепт за Нутела е последица на гладта која настапува во Италија по Втората светска војна, кога лешниците се еден од ретките производи кој е широко достапен. Тогаш, слаткарот Пиетро Фереро има идеја да направи благо составено од малку какао и многу лешници.
Предноста на новиот производ е што за разлика од дотогашните чоколади, тој може да се мачка на леб. Ова е сериозен напредок, бидејќи во периодот лебот е главен дел од исхраната.
Производот го добива името Суперкрема и така се продава се до 1964-та, кога синот на Пиетро, Микеле Фереро, го подобрува постојниот рецепт и ја создава денешната - Нутела. Nuts - лешници; ella - италијански деминутив (моцарела, таљатела, карамела).
50 години подоцна, Фереро е 4-та најголема меѓународна група на пазарот на чоколадни производи, со годишен обрт на капитал од над 8 милијарди евра. Нутела се произведува во 11 фабрики низ светот, и носи околу 20% од вкупните приходи на Фереро групацијата (која е најголемиот откупувач на лешници во светот).
"Нутела беше епитом за народен луксуз меѓу Италијанцит. Нутела беше нешто над просекот, нешто што не е неопходно.
Тоа беше нешто многу слатко и модерно и различно од класичните слатки во Италија... Па, за Италијанците ова значење нешто модерно и можност да се почестиш себе си.
(Во однос на одличниот маркетинг) Тие никогаш не ја продаваа како замена за нешто, и ова беше многу паметно од нивна страна. Тие можеа да играат на различните универзални вредности како, 'ова е ефтино, ова е достапно, ова е замена за чоколадо.' Не, тие играа со 'ова е природно, и содржи лешници што значи дека е подобро од оние кои не содржат лешници.'
Сликите кои ги користат во рекламите најчесто имаат тендеција да се поврзани со децата и семејството," објаснува професорката по културолошка социологија на Универзитетот на Милано, Роберта Сасатели.
Иако се знае дека во 2014-та се означуваат 50 години од производството на првата Нутела, не е познато кој е точниот датум кога била отворена првата тегла.
"Приказната е дека првата тегла во нашата фабрика е произведена пред 50 години на 20-ти април, и дека првото консумирање било на 18-ти мај (истата година). Ама, нема научни докази за тоа," објаснува Џовани Фереро, директор на Фереро, внук на Пиетро и син на Микеле.