Просечното блаженоупокоено прасе во Америка годинава постигнало рекордна тежина од 97, 8 килограми.
Зошто, како?
Од средината на минатата година, вирус усмрти милиони прасенца по фармите во САД. Сакајќи да ја компензираат претрпената штета, одгледувачите им појачале исхрана на преживеаните грла и ги збумбариле, особено во задниот трап, што конкретно ги зголемува трошоците за производство на шунка која се вади од тој дел.
Инаку, тежината на прасињата различно влијае врз цената на различните делови месо. Годинешниве бабачиња се поевтини во делот на пафлакот и сè што е поврзано со вадење сланина ама ете, на Американците шунката годинава ќе им биде поскапа затоа што се навикнати на софра да вадат стандардно бутче од околу 3,5 килограми.
Од другата страна на океанот, во Велика Британија, прасињата ја задржале посакуваната линија (просечна тежина на годинешниот род е 81 килограм) па цената им е и пониска од лани.
Тоа ни беше муабетот.