Одговорите на Гордон Ремзи

По повод 500-та епизода за Фокс Прајм која треба да се случи кон крај на април, Ремзи седнува да одговара прашања на Редит за се и сешто.

За тоа што обично јаде во текот на денот:
- Не седнувам за ручек, а секако не седнувам за вечера. За појадок имам овесна каша, и тоа ме средува за остатокот од денот...
... Тешко ми е да изедам цел оброк затоа што на секои 2 минути пробувам по нешто во кујната.
... Нема ништо полошо од тоа да се најадеш во 17:30 и потоа да одиш во кујна и да готвиш уште 3 часа.

За дебелите и слабите готвачи:
- Синоќа некоја ми рече: "Никогаш не му верувај на слаб готвач."
А јас и викам: "Тоа е срање, никогаш не му верувај на дебел готвач."
Ми вика: "Зошто?"
"Затоа што тој ги има изедено најдобрите делови од твоето јадење."

За тоа какви јајца сака:
- Кајгана, врз потпечено парче леб (безквасен) и малку наросен со Ворчерстер сос. За кајганата, имав едно видео пред неколку години на кое подготвував кајгана и имаше 10-11 милиони прегледи.

 

За рејтинг системот на Мишелин ѕвездите:
- Една работа што треба да се разбере околу Мишелин е дека ѕвездите му се доделуваат на ресторанот. Една работа што со тек на време почнав да ја почитувам кај Мишелин е што се конзистентни. Има еден човек што инкогнито те оценува.

... (За разлика од остатокот од рејтинзите) Со Мишелин водичот немаш поим кој ќе дојде, или кога ќе дојде да те провери. И токму затоа готвачите најмногу се плашат и најмногу нив ги почитуваат.

... Ѕвездите му се доделуваат на ресторанот. И некогаш готвачите мислат дека тие ним им припаѓаат, ама тие се на ресторанот. Услугата е подеднакво важна.

Дали има храна што не би ја пробал:
- Пред да станам готвач се потрудив да ја пробам која било храна каде било низ светот. Сакав да научам се што можам за состојки, што никогаш не се случило да не знам што да правам со некоја состојка.

Јас сум отворена книга. Без разлика дали е живо срце од кобра во Камбоџа, пржена тарантула, или Биф Велингтон, јас би јадел апсолутно се'.

Единствено нешто што не би пробал е преварена храна. Нема ништо полошо од преварен прокељ. Мирисот е одвратен.

Дали навредите ги смислува во моментот или ги собира:
- Едноставно се случува во жештината на моментот. Почнувам да гледам црвено и се фрустрирам, и тогаш распалувам. Не сум многу добри во уредување на самиот себе. Морам да се олеснам. Ако мајка ми ме научи на една работа тоа е дека треба да кажам што мислам и да си олеснам.

останатите прашања

20 април 2015 - 12:45