Човекот, регуларно непријавен, го кажува само своето име, Франциско. Прво нешто што догледува се доматите, зеленчук "што те остава најуморен." Прво тешки се, цел ден мораш да клечиш за да ги собираш и секој домат мораш да го проверуваш за да се осигуриш дека бојата секаде е еднаква. Плус, од нива излегуваш целиот извалкан, бидејќи листовите од доматот се' ќе ти исфлекаат.
Подеднакво тешка е и работата со авокадо, "мора да ги собираш кога не се премногу стари или премногу зрели. И ако некое ти падне, тоа е уништено, иако се уште може да ти изгледа убаво додека е на земја." Тој се присетува колку тежи една вреќа со авокадо (23 кг.) која мора да ја носи на грб, па потоа мораш внимателно да ја испразниш во кошница за да не ги оштетиш авокадата.
Што се однесува до кромидот, тој е компликуван бидејќи мораш да се наведнеш и да го откопаш од земја. Исто така мораш да ги отстраниш и влакната од кромидот, ама да пазиш да не го оштетиш. "Репетитивна работа што ти ги остава рацете уморни."
Меѓу авокадо и кромид, Франциско попрво би избрал да собира авокадо, затоа што подобро е цел ден да висиш на скала отколку да клечиш меѓу редови.
Што се однесува до јагодите, тој има спротивставени чувства. Тука проблемот е да ја скинеш јагодата без да ја оштетиш и секое парче овошје мора да биде проверено за да се осигуриш дека не е премногу зелено. Ова го има совршено совладано, до степен што може во исто време да собира јагоди со двете раце, собирајќи околу 23 килограми на час.