"Нејкед Лејбл веројатно немаше намера да препорача отровни печурки како дел од твојата исхрана. Сепак ова мало меме е симптоматично за еден поголем проблем на интернет: самопрогласени гуруа за 'природно здравје' кои велат дека се што е природно автоматски е и подобро.
Не е," пишува Ивет Д'Ентермонт во текстот за Гавкер.
Таа објаснува дека неколку големи (американски големи) компании почнуваат да носат одлуки за менување на своите производи врз основа на фобијата од хемикалии што има завладеано со светот.
Д'Ентермонт и претходно има пишувано за гуруа од типот на Вани Хари, а.к.а. Фуд Бејб, која комплетно нема поим од наука и целата интернет слава ја собира на прозивање големи компании и петицијата до Крафт за отстранување вештачки бои од нивните макарони и сирење. Крафт се согласи да направи промена во рецептот, наводно тоа од претходно им било планирано.
"Без разлика дали или не ова е одговор на нејзината петиција, прашањето е дали промената го направи производот поздрав?
За почеток да не заборавиме дека зборуваме за производ со сирење во прав. Ако бараш здрава храна, си го утнал патот уште пред три рафтови после спанаќот. Исто така не отстрануваме нешто кое предизвикува болести што се пренесуваат преку храна. Ние заменуваме боја за храна која е добиена во лабораторија за боја за храна... која сепак ќе биде произведена во лабораторија.
Сега ја имаме најбезбедната класа на бои за храна што некогаш се појавила на пазарот. Лабораториите го помогнаа овој процес бидејќи можат да ја проверат безбедноста и чистотата на конечниот производ. И без разлика кој е изворот на бојата се користи хемиски растворувач за да се извади молекулот со посакуваната боја. Честа тактика на Фуд Бејб е да ти тврди дека овие растворувачи се токсични само во производи кои неа и изгледаат зли. Во новиот рецепт на Крафт се користи црвен пипер, и исто како и во процесот за добивање на некои од синтетичките бои, и тука се користи хексан (кој ако се консумира во големи количества се металболизира во нервотоксична хемикалија). Забелешка, и кај два двете класи на бои, ти не консумираш хексан, ама па, Фуд Бејб не е позната по фактите," објаснува Д'Ентермонт.
Таа потоа пишува за необработеното млеко, за палео диетата, за аспартамот... сето тоа кај неа.