Борба за правото на чинија

На Твитер веќе пола година се води кампањата Сакаме чинии, во која главно е барање кое на прв поглед мислиш дека подразбира - дека луѓето во ресторан сакаат да бидат послужени и да јадат од чинии.

Кампањата ја започнува Рос МекГинис некаде во март годинава "како бунт против претенциозните ресторани и нивните гастропаб стил-пред-содржина глупости," и главно објавува фотографии кои му ги испраќаат неговите следбеници од најразлични ресторани. Меѓу примерите има: потпечени јадења служени во тегла, десерт послужен во саксија и англиски појадок на лопата.

"Рестораните се обидуваат да се истакнат, ама тие само прават гостите да изгледаат како инфантилни идиоти додека јадат," објаснува МекГинис.

Од јули годинава започна "втората фаза" на кампањата, и сега МекГинис или некој од неговите следбеници секогаш кога ќе добие некое нестандардно послужена храна, бара таа да му биде дадена во чинија, па "пред" и "потоа" фотографиите ги објавува на интернет.

Меѓу симпатизерите на МекГинис се и сопственици на ресторани и пабови, кои во разговор со Гардијан го исмеваат новиот тренд, изјавувајќи "очекувам чиниите да бидат тренд за 2016-та." Паб од Глазгов, во знак на поддршка, ветува дека целата храна ја служат во "вистински чинии."

Што се однесува до МекГинис, најголем проблем со фановите е како да им угоди околу објавувањето на сликите и имињата на рестораните.

"Не можеш да победи. Ако твитнеш слика и не им го пишеш името на ресторанот, одма почнуваат 'КАЖИ И ПОСРАМИ ГО!' Ако го објавиш името тогаш е 'ПРЕСТАНИ БЕСПЛАТНО ДА ГИ РЕКЛАМИРАШ, ПРОДАДЕНА ДУША!'," објаснува МекГинис.

Од друга страна, МекГинис има сериозна опозиција од добар дел од кулинарските ѕвезди на Британија:

- Мајк О'Хер твитна: "Апсолутно кур не ме боли за Сакаме чинии." Инаку О'Хер се најде на листата затоа што служеше тартар од ракчиња во џиновско пластично јајце.

- Ендру Перн ги опиша како: "Тажните мапети од Сакаме чинии кои треба да најдат да прават нешто во живот." Перн во својот ресторан служи леб во капа.

- Скот Левајн изјави: "Ни за милион години не би помислил да го променам стилот затоа што мала група на луѓе сака да јаде од бела порцеланска чинија." Левајн е "обвинет" за служење на парчиња шунка на (оптегнато) јаже за сушење алишта.

Избор на 10 престапници:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

21 септември 2015 - 10:27