Организацијата чии приходи се проценува дека се "мулти-милионски" се состоела од 12 компании и лабораторија за сертификација, сите од Пуља. Тие увезувале маслиново масло од Сирија, Турција, Мароко и Тунис, кое го пакувале и како "екстра-девствено" го продавале во САД и Јапонија.
Само во акцијата се запленети околу 7 илјади тони (7 милиони килограми) маслиново масло, кое според лабораториските анализи немало ни траг од италијанско масло, туку целото било од Средниот исток.
Инаку, 2014-та е една од полошите и послаби берби на маслинки. Ова предизвикува и пад на производството за 35%, што пак речиси за два пати ја зголеми цената на екстра-девственото маслиново масло. Лошата берба во 2014-та се должеше на наездата на мушички и молци, кои пак беа предизвикани од вонредно високите пролетни температури во исто време со обилни дождови, по што следуваше студено лето.
Надвор од оваа рација, пред неколку недели 7 италијански производители (меѓу кои и гиганти како Bertolli, Sasso и Carapelli) беа под истрага за продавање на "инфериорни производи од маслиново масло како 'екстра-девствени'".
Нешто повеќе околу фалсификувањето на маслиновото масло.