На инсистирање на Јул и нејзината невладина организација Стоп на фрлањето храна, сè повеќе дански супермаркети издвојуваат посебен дел на своите полици и фрижидери за производи чиј рок на траење набрзо истекува, или зеленчуци и овошје што не се убави на око. Дополнително тие ја пуштија и апликацијата Too Good To Go, која на корисниците им кажува кои ресторани или пекари имаат останато храна по крајот на работното време, што планираат да ја фрлат (иако е сосема во ред за јадење).
Посебен столб во нејзината борба против фрлањето е справувањето со неидентификувани замрзнати објекти (во оригинал UFO, од Unindentified Flying Object).
"Секој втор Данец имаше УФО во својот замрзнувач. Затоа покренавме кампања за потрошувачите барем еднаш месечно да разгледаат во замрзнувачот и да јадат УФО," објаснува Јул.
Во септември годинава Данска ќе стартува фонд наменет за финансиска поддршка на проектите против фрлање храна. Почетниот годишен буџет на фондот е околу 670 илјади евра.
Што има Јул да каже на темава со сопствени зборови:
1. Како да се избегнат замките за фрлање храна
2. Престанете да фрлате храна