Твоето дете не е фуди, и така треба да биде

Обама пред некое време седна на јадење со Бордејн во Виетнам, сега Бордејн има интервју околу вечерата (и да ја промовира новата книга) во Ескваер, меѓу прашањата, како ја воспитува ќерка му околу јадењето.

Бордејн објаснува дека клучно е што ја остава ќерка му (9 години) да јаде што сака, и никогаш не и сугерира да проба нешто, бидејќи по него тоа е најбрзиот начин на дете да му се одмили храна:

"Горд сум што сака да експериментира со храна, бидејќи тоа не е нешто што некогаш сум го наметнал. Последно нешто што треба да се обидуваш е да правиш фуди од твоето дете. Ништо не е поиритантно или погрешно. Секогаш сум и нарачувал што сакала, па ако сака тост или паста со путер, не ми е проблем тоа да го добие. Ама никогаш не сум се осидул да кажам 'мора да го пробаш ова, одлично е,' затоа што ако тоа ми го направиле моите родители, јас сигурно ќе сум реагирал со 'Боже, не!'

Меѓутоа таа сама бара нови работи и со тек на време ме изненадува со тоа што навистина почнуваат да и се допаѓаат јадења како сирови школки. Сака фуа-гра и бара да го има за нејзиниот роденден. Сака зачинета храна, мали солени риби, смрдливо сирење. Ама па, италијанско дете е, што значи дека доаѓа со одредена предност."

Што се однесува до вечерата со Обама, Бордејн признава дека најголемиот дел од товарот отпаѓа на Тајната служба која треба да го пази американскиот претседател, во семејна кафана со пластични столчиња, сред Виетнам. Самиот Обама бил прилично опуштен, и пробал да ги релаксира и сите околу себе, "тој дури ги праша камерманите дали се јадени. Никој никогаш не ги прашува камерманите."

Снимањето е чувано како тајна речиси една година, а до самото стапнување на Обама во ресторанот, за тоа знаат само неколку луѓе. Самите камермани, Сиенен и дел од луѓето од придружбата дознаваат неколку минути пред тој да се појави.

Двајцата во ресторанот јадат бун ча, кое се смета за автохтоно јадење на Ханој.

 

20 септември 2016 - 13:42