Автор на готвачи тврди дека авторите на готвачи лажат

Како што забележува новинарот што разговара со Бордејн, минаа 16 години откако книгата Kitchen Confidential го прослави готвачот, што значи дека веќе има цела генерација млади кои комплетно се израснати во "пост-Бордејн" свет.

Во разговорот со Џошуа Дејвид Штајн, инаку дел од промоцијата на новата книга на Бордејн, Апетити, готвачот-водител објаснува дека "обично не излегува," ама се погодило пред интервјуто на гости да му се дојдени другарите, кои во случајот се Стуџис, од Иги енд д Стуџис.

Во однос на годините минати во ругање други славни готвачи, Штајн објаснува "за време на тие години, не минуваше ниту недела а тој да не се појави на насловните страни со некоја провокативна изјава околу нив... Со некој огромна хипербола, многу забавна, и гневна. Ова беше Бордејн од тоа време, и тој е тешко да го поврзеш со денешниот Бордејн."

Самиот Бордејн за својот семеен живот изјавува: "Како човек што 30 години професионално готви, јас нормалниот свет го гледам како темни силуети во салата за вечерање. Никогаш не бев дома. Немав претстава што прават луѓе на викенди или како е да се има фамилија."

За готвачите тој порачува: "Сите лажат во готвачите. И затоа, генерално, тие се толку фрустрирачки. Никој никогаш не ти кажува, на пример, дека ќе го утнеш холандез сосот. И дека нема да ти се погоди на првото пробување. На професионалците им треба многу повторување за да им успее."

Што се однесува до Делови непознати, искуството на Бордејн е: "Кога ќе поставам едноставно прашање како 'Што сакаш да јадеш,' луѓето одеднаш почнуваат да ти кажуваат извонредни работи."

5 септември 2016 - 10:19