Резултатите се од "биофизичка симулација" во која биле споредени 10 типови исхрана. Имало веганска исхрана, два типа вегетаријанска (млеко / млеко и јајца), пет што вклучувале сè, една која содржела малку масти и шеќери, и една што ги отсликува модерните прехранбени навики на Американците.
Веганската исхрана можела да прехрани помалку луѓе отколку двете вегетаријански диети и два од четири типа месојадни диети, заради што заклучокот е дека "комплетно откажување од прехранбени производи што потекнуваат од животни не е најодржливиот долгорочен избор за човештвото."
Без разлика на исходот, поривот за студијата не е некоја добронамерност кон месојадите, туку намерата е да се види дали може успешно да се воведе исхрана базирана на растенија како начин за спасување на животната средина. Тие тргаат од бројката дека за одржување на исхраната на просечен Американец на годишно ниво се потребни 10 хектари земјиште. Ова значително се намалува ако се намали консумацијата на месо а се зголеми уделот на зеленчук. За споредба на трите вегетаријански исхрани од симулацијата им биле потребни помалку од 0,2 хектари земјиште по човек.
Недостатокот кај чисто веганската исхрана е што не сето земјиште кое денес се користи за одгледување на стоката може да биде пренаменето за садење и житарки или зеленчуци, или пак земјиштето дава многу поголем принос на сточна храна (пример, луцерка) отколку што би давало во храна за луѓе, заради што огромна површина би останала необработена или недоволно искористена.