Студијата објавена минатата недела открива и дека 33% од испитаниците сметат дека патлиџаните без генетски модификации "не содржат какви било гени," а 32% сметаат дека "зеленчукот не содржи ДНК."
Заклучокот на авторите на студијата е дека "потрошувачите мислат дека знаат повеќе отколку што навистина знаат за генетски модификуваната храна," заради што нивниот предлог е да се стават под знак прашање "анкетите на јавното мислење како мотивација за јавните политики на тема генетски модификувана храна."
Авторите обидувајќи се да објаснат дека не се работи за необразованост на народот, појаснуваат дека резултатите треба да се перципираат како "индикатор на тоа како потрошувачите психолошки се справуваат со тешки прашања."
"Можеби поединците се обидуваат да ги заштедат и онака дефицитарните когнитивни ресурси со тоа што несвесно ги заменуваат потешките прашања со полесни. Наместо сериозно да ги анализираат за и против аргументите за задолжително етикетирање, сличноста во одговорите за задолжителни ДНК етикети покажуваат дека луѓето го заменуваат ова прашање со полесното прашање како 'Дали сакаш бесплатни информации околу тема за која знаеш многу малку?' Овој психолошки процес може да донесе слични нивоа на поддршка за две многу различни теми," објаснуваат авторите на студијата.