Свет

Како се произведуваше паниката од руските ботови

Сенатот ангажира фирма да испита колку е долга раката на Кремљ во американската политика, изборите и социјалните медиуми. Фирмата излегува со застрашувачки бројки за рускиот домет. Се тврдеше дека Русите фрлиле 25 милиони долари на Фејсбук за нивните задни намери. Подоцна се утврди дека потрошиле 2.900 долари. За контекст: Ковачевски троши по 20.000 евра на три месеци.

Путин 2024

Рускиот претседател од последниве две децении решил да се кандидира за уште еден мандат на изборите во 2024, објави Ројтерс цитирајќи шест извори запознаени со темата.

Командант на Хамас против политичките лидери на Хамас

Во едно ретко видено разногласие на Хамас, воен командант на организацијата рече дека цивилни жртви никогаш не биле цел на нивниот напад од седми октомври. Планот во последен момент го смениле политичките лидери на Хамас. А тие живеат во странство и сега не се бомбардирани.

Израел ќе остане во Газа на неодредено време

Израелските сили ќе управуваат со безбедноста на Газа долго време по завршување на конфликтот, порачал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Колку долго? Колку и да треба.

Милијардерите на Хамас

Со децении Газа неспорно е симбол за мизеријата и сиромаштијата на Палестинците, „најголемиот затвор под отворено небо“ чии жители зависат од постојаниот дотур на хуманитарна помош од светот. Периодов медиумите малку повеќе се занимаваат со раководството на Хамас, кое излезе дека не го дели финансискиот кошмар на своите сограѓани.

Америка тивко го наоружува Тајван до заби

САД се великодушни кога својата воена опрема ја продаваат со заеми но ретко се фаќаат за џеб па тие да платат воена опрема и оружје за некого. После 40 години, тоа сега прват го прават за Тајван зошто Кина многу напред отиде во воената надмоќ во 180 километри широкиот Тајвански теснец. Но, и со ју-ес пари, тоа тешко се стига.

Зеленски не го бендиса интервјуто на Залужниј

Кабинетот на Зеленски јавно го укори првиот човек на украинските воени сили, генерал Валери Залужниј, за неговата изјава дека војната заглавила во пат-ситуација бидејќи такви коментари биле од корист на руската инвазија.

Во Газа до сега загинаа повеќе цивили отколку во Украина

Во овие неполн месец откако Хамас изврши напад врз Израел, во Газа загинале повеќе цивили отколку во целата украинска војна од почетокот на 24 февруари 2022.

Вагнер и Сирија заедно ќе го помагаат Хезболах

Асад се согласил да го помогне Хезболах со позајмување на руските ракетните системи, а испораката од Сирија до Либан ќе треба да ја завршат луѓето на Вагнер, тврдат луѓе од американското разузнавање.

Војна, фаза на конфискација

Европа веќе извесно време им има фрлено око на руските пари кои се кај неа a Унијата ги има замрзнато со санкциите. Русија им вика дека е тоа обична кражба и ако прибегнат кон таков чекор, да очекуваат сличен потег и од нив. Како показна вежба, Русија го продаде кримскиот апартман на Владимир Зеленски. 

Ќе му каже ли некој на Зеленски за Волтер Кронкајт?

Насловната сторија на Тајм за Владимир Зеленски е навистина шокантна бидејќи ги потврдува сите поенти кои досега се оценуваа/оцрнуваа како „Путиновска пропаганда.“ Не само што сторијата се темели на разговори со најблискиот круг на Зеленски туку што не доаѓа од кујната на Кремљ, туку од новинар и магазин кои лани го прогласија Зеленски за лице на годината.

Ако нема помош за Украина, нема да има помош ни за Израел

Бајден ќе стави вето на републиканскиот предлог за помош на Израел, доколку истите овие републиканци продолжат да одбиваат да гласаат за пакетот за помош на Украина, тврдат од Белата куќа.

Сорос дал над 15 милиони долари на групи зад про-Палестинските протести

Преку левичарска активистичка група Сорос поделил милиони долари на организации кои периодов го оправдуваат терористичкиот напад Хамас и кои застануваат зад Палестинци што повикуваат на уништување на еврејската држава.

Што беше тоа на аеродромот во Дагестан

Викендов толпа од стотици жители на Дагестан тргна да линчува сè израелско што ќе начека на авионската писта на аеродромот во Махачкала. За општа среќа никој не им падна во раце.

Зеленски ни е нешто лут

Тајм објави детално интервју со Зеленски и инфо од неговите најблиски соработници во кое се дава увид во промената на неговото расположение, лутината што никој од сојузниците не верува  во победа на Украина и нималку сјајната состојба на војската. Покрај сите оние милијарди долари воена и друга помош од Запад, текстот има поднаслов: „Осамената битка на Владимир Зеленски“.    

Билд до мигрантите: Или прилагодете се или ауфидерзен

Германски Билд објави манифест до дојденците во земјата во кој им се објаснува дека домаќините не мислат да го сменат својот начин на живот само затоа што им дошле гости. Им се порачува дека е важно да го научат јазикот, има и лекции за бонтон. Едни одушевени од декларацијата, други велат дека е ова е лошо напишан но добро сумиран манифест на германскиот расизам. 

Хамас и Нетанјаху се од иста

Да, сакаат тие да го сотрат оној другиот и притоа не прашуваат за цехот, само што со децении меѓу нив постоеше плодна кохабитација. Ваков Израел му требаше на Хамас за да покаже дека умереноста на оние од Западниот брег не врши работа, а Нетанјаху знаеше дека сè додека постои Хамас, ќе има изговор дека нема со кого да прави мир. 

Какви се плановите на Израел за луѓето од Газа?

Кратко кажано: да ги нема. Израелското министерство за разузнавање изготвило таен документ во кој се скицира што треба, во неколку фази да се прави со палестинското население од Газа. Ок, да ги има, само не во Газа, туку во северен Синај. Како оваа идеја ќе ја избегне квалификацијата дека се работи за класично етничко чистење, ваљда попат ќе смислат Американците.   

„Сунѓер бомби“ тајното оружје на Израел за тунелите на Хамас

Веројатно едно од најхуманите оружја што Израел ќе ги употреби во војната против Хамас и нивните тунели ќе бидат „сунѓер бомбите“ чија главна намена ќе биде да ги затнуваат подземните премини што ги користат палестинските борци.

Арапскиот свет ги сака Палестинците, платонски

Арапскиот свет е едногласен во поддршката за своите браќа и сестри во Палестина. Да, ама на зборови. Истите тие после ќе речат, нема да ги отвориме границите и нема да примаме бегалци од Газа. А можеа и претходно да направат нешто за нив, да запнат и да ги извадат од сиромаштија и беда. Парите што му се даваа на Хамас очигледно отидoa за други работи. 

Романија е следна ЕУ главоболка околу Украина

Зеленски го откажа говорот во романскиот парламент бидејќи тамошните опозиционери најавија дека ќе го реметат. А тие водат на анкети и имаат вртоглав пораст на поддршката. Ставот на Орбан е познат а Словачка ја откажа воената помош за Украина па Романија е следниот предизвик за позицијата на ЕУ. Само што Романија е многу поважна.

Прегледување на видеото од нападот на болницата во Газа

Њујорк тајмс седнува и од ново го гледа видеото што израелски и американски високи функционери го наведуваат како клучен доказ дека смртоносната експлозија во болницата Ал-Ахли Араб е дело на залутана палестинска ракета. И не се баш сигурни во официјалната верзија.

Германија води во нејќење црнци во ЕУ

На црнците кои живеат во Европската Унија, третманот не само што не им се подобрува туку им се влошува. Расисмот кон нив е во пораст последниве години е една третина годинава биле мета на некаква расна дискриминација. Освен во Германија и Австрија, каде бројките се двојно поголеми. Плус сиромаштија.

50 израелски заложници веќе се мртви

До сега се убиени околу 50 луѓе од заложниците што Хамас ги киднапираше на 7 октомври, но не од нив туку од израелските воздушни напади на Газа, објавија Ал Касам бригадите на Телеграм. Хамас во нападот киднапираше најмалку 220 израелски државјани.