
Суд за азил во Британија спречил депортација на таџикистански мигрант, кој се пожалил дека во матичната земја може да биде мачен и на сила избричен. Второстепената пресуда го толкува принудното бричење на брадата како „прогон“, а не е резултат на социјални притисоци.
Иако не е регулирано со закон, носењето брада во Таџикистан е строго забрането. Во изминатата деценија властите уапсиле стотици илјади мажи со брада, насилно ги бричат во полициска станица и им земаат отпечатоци од прсти како на криминалци.
Мерката е дел од владината кампања за да се спречи радикализацијата на мажите и приклучувањето кон исламските екстремистички терористички групи, кај кои важи обратното правило – пожелна е брада од барем една педа.
Ако носи брада од религиозно убедување, и ако е принуден да се прилагоди заради сопствена безбедност, може да има право на меѓународна заштита, објасни Парминдер Саини, судија во Вишиот трибунал.
Поради вакви случаи, британските министри предлагаат да се останат одредбите за заштита на мигранти врз основа на Членот 3 од Европската конвенција за човекови права, кој штити од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, и од Членот 8 кој го штити правото на семеен живот.
Поефикасен начин за избегнување депортација е митото. Мигрант од Бангладеш му платил 3.500 фунти на службеник во Министерството за внатрешни работи за да му го одобри барањето за азил.
Службеникот Имран Мула од тимот за барања азил во Манчестер си го доделил самиот на себе случајот на мигрантот, примил капар од 1.500 фунти, а потоа и уште 2.000 фунти откако успешно го затворил барањето за азил од Нурал Амин Бег, 23-годишен државјанин на Бангладеш. Мула е осуден на четири и пол години затвор, а Бег на 18 месеци.