Свет

Киев почна да го критикува Зеленски

Украинскиот претседател станува автократ кој ја претвора Украина во авторитарна држава ништо поразлична од Русија, е критиката за Зеленски која доаѓа од првиот човек на Киев, градоначалникот Виталиј Кличко.

Кралот Чарлс бара 5.000 милијарди долари годишно за борба против климатските промени

Во говор на КОП28 самитот, британскиот крал порача дека светот и понатаму е „застрашувачки далеку“ од постигнување на климатските цели, а тоа може да се реши со по 5.000 милијарди долари од глобалните даночни обврзници и компании, годишно.

Почина парламентарката што ги бараше СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и Фајзер

Европратеничката на Зелените, Мишел Риваси, која притискаше за објавување на пораките меѓу првиот човек на ЕУ и првиот човек на Фајзер во кои беа договарани цените и количините за вакцини против ковид, изненадно починала од срцев удар додека патувала кон Европскиот парламент во Брисел.

НАТО треба да е спремен за лоши вести од Украина

Предупредувањето доаѓа од првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, со амандман до членките на организацијата дека „треба да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња.“

Израел ќе ги лови лидерите на Хамас како нацистите

Израелските тајни служби се подготвуваат да ги убијат сите лидери на Хамас низ светот откако војната во Газа ќе почне да се стишува. И операцијата нема краен датум.

Дилемата на Зеленски: како да се соберат нови луѓе за војска?

Од јуни месец Зеленски на маса го има предлогот на украинската армија за мобилизирање на дополнителен број Украинци во вооружените сили. До сега тој го издржува притисокот на војската да го потпише истиот.

Шпионите да олабават со постови за Палестина

Заменик директор на ЦИА за анализи објавил слика на Фејсбук на која маж виори палестинско знаме, слика која понекогаш може да смета и како критика за Израел. Заради ова „понекогаш“ сега ЦИА ги замоли вработените да се воздржат од постирање на темата.

Русија ја добива електронската војна против западните ракети?

По шест месеци украинска контраофанзива стана јасно дека Русија паралелно со опсежната мрежа на физички одбранбени системи и препреки, изградила и мрежа за електронската одбрана насочена на сè што користи ГПС, а тоа се дронови и најразлични западни ракетни системи.

Севернокорејската опозиција почна да добива на снага

На последните локални избори во Северна Кореја се појавиле гласови против кандидатите пријавени од Работничката партија на Кореја, и тоа најмногу во последните 50 години. Да ви дојде срце на место, кандидатите на Работничката партија сепак победиле со над 99% од гласовите.

Израел и тоа како знаел дека Хамас ќе нападне

Израелската војска и разузнавачи добиле крајно детално предупредување дека Хамас тренира за упаѓање во кибуците во близина на границата со Газа и освојување на граничните касарни со цел нанесување значителен број на жртви, покажуваат протечени мејлови од израелската единица за сајбер-разузнавање.

Дипломатот што ја издаде американска политика кон Палестина

„Да сме убиле и 4.000 палестински деца нема да е доволно,“ разгневен кон уличен продавач на храна ќе изјави Стујарт Селдовиц, поранешниот советник на Обама, и долгогодишен заменик раководител на канцеларијата на Стејт департментот за Израел и Палестина, кој со децении ги создава и спроведува американските политики кон Израел и Палестина.

Мемето со Мекдоналдс оброк од 16 долари е проблем за Белата куќа

Во време кога и најдобро скоцканите и оптимизирани клипови на интернет имаат животен век од само неколку дена, видео од бургер, помфрит и пијачка од Мекдоналдс за кои се платени 16,1 долар снимено кон крајот на 2022 повторно воскресна и се шири по интернет како симбол на економската хаварија во која се наоѓа Америка, и е и тоа како проблем за демократите.

Бројките на геноцидот во Газа

Застрашувачки се најновите бројки од Газа кои ги извади швајцарскиот Еуро-Мед монитор за човекови права кои го отсликуваат морничавиот размер на злосторствата. Толкав број жртви за толку кратко време, веројатно нема споредба со целиот период после Втората светска војна. Цивили, деца, број на срушени објекти, ракетирани здравствени установи... Сè е многу и сè е страшно. 

Планот на Бајден и Шулц за носење на Украина кон преговори

Новиот план на САД и Германија за војната во Украина е да го стави Киев „во стратешки добра преговарачка позиција“ за денешната состојба на фронтот, пишува германски Билд, откако мисијата на САД во НАТО објави па повлече една слична изјава.

Отруена сопругата на Буданов

Маријана Буданова, сопругата на првиот човек на украинското воено разузнавање (ГУР), Кирило Буданов, била отруена, објавува Киев индепендент пренесувајќи информација претставник на ГУР кој останува анонимен до официјално соопштување на информацијата.

Како Западот ја изгуби трката за артилериски гранати

Додека Зеленски алармира дека војната во Газа ги намалила испораките на 155-милиметарски гранати за Украина, возовите товарени со муниција од Северна Кореја го исполнуваат ветувањето за испорака на 1 милион артилериски гранати за Москва.

Со толку пари, Хамас ќе преживее секаква инвазија на Газа

Израел не може да го уништи Хамас без да ги скине неговите финансии, и тоа ќе биде многу потешко отколку воените битки што се водат во моментов. Стотици милиони течат од разни страни а за споредба, Ал Каеда успеа да ја нападне и здрма Америка со само половина милион долари.

Зеленски направи сеча на генерали

Украинскиот претседател извршна сериозна смена на врвот на Националната гарда, паравоена формација која системски припаѓа на нивното МВР и главно беше задолжена за внатрешната безбедност, но од почетокот на војната се бори и на фронтот. Засега не се познати причините заради кои Зеленски смени четворица генерали во гардата. 

Како Холивуд го финансираше фарбањето галерии и блокирањето сообраќај

Фонд од Беверли хилс кој од своето основање во 2019 во голем дел е финансиран од холивудски актери и продуценти, финансиски подржал најразлични активистички протести во кои беа нападнати бројни уметнички дела и беше блокиран сообраќајот низ градови низ светот.

Подводен тунел до Крим наместо мост

Руски и кинески бизнисмени со врски кај што треба ја разгледувале опцијата за изградба на подводен тунел што ќе го поврзува Крим со Русија, покажуваат документи што ги објавува Вашингтон пост.

Вештачката интелигенција добива дозвола за убиство?

Американската армија полека се движи кон дозволување на ВИ оружјата сами да одлучуваат да убијат човек или не, а први во тоа би најверојатно ќе бидат дроновите контролирани од вештачка интелигенција.

Зеленски им порача на генералите да си гледаат војска, а не политика

Кој што сака може да прави, само прво треба да реши дали ќе биде генерал или политичар е поздравот од Зеленски за највисоките офицери на украинската војска

Герт Вилдерс победи на изборите во Холандија

„Ние ќе владееме“ ноќеска изјави човекот кој речиси 30 години се носи со секакви заслужени и незаслужени етикети, кој е олицетворение на анти-исламското и анти-мигрантското движење во Европа, на чие убиство радикалните муслимани повикуваат од 2010, а од вчера и најверојатниот нов премиер на Холандија, Герт Вилдерс.

Бајден нема „когнитивна способност“ да служи уште еден мандат

Поранешниот доктор на претседателите Обама и Трамп е загрижен околу здравјето и менталната острина на актуелниот американски претседател кој пред некој ден наполни 81 година.