Разно

Ирак забранува Фортнајт, лошо влијаел на младите

Масовните убиства и терористички напади, крвавите пресметките по верска и друга линија, присилната милитаризација на децата, корупцијата... сè се тоа теми кои можат да бидат оставени за другпат. Земјата си ги знае проритетите. 

Европските шпиони учеле школо од јужноамериканските диктатори

Генерацијата диктатори од латинска Америка од 1970-те биле примерот по кој британските, западногерманските и француските разузнавачки служби сакале да се борат со левичарските „субверзии“, покажуваат нови документи објавени од ЦИА.

100 години од британскиот масакр на стотици Индијци

Во Индија настанот е познат како Џалиaвала баг масакрот, во кој британските колонијални сили отвораат оган на стотици невооружени жени, деца и мажи. Британија до ден денес и се нема извинето на Индија за масакрот.

Како Европа научи да се плаши од Кина

Не така одамна Европејците го игнорираа подемот на Пекинг. Но серијата купени европски индустриски гиганти, напливот на кинески богаташи, и политичката снага што Кина почна да ја покажува, многу смени кај самозаљубените европски владетели.

Пит Бутиџеџ, млад геј политичар на поинаков начин

„Откако Лејди Гага ја испеа „Shallow“, сме немале ваков ѕвездата-е-родена момент,“ признава еден Републиканец кој пишува за Њуорк Тајмс. А зборува за до вчера непознат Демократ кој е новата ѕвезда на американската политичка арена а кој, патем, е млад и е геј. Само што не е млад и не е геј на вообичаен начин.

Премолчените 3 милиони жртви на Черчил

Гладот во Бенгал од кој во 1943 умираат 3 милиони луѓе до сега се сметаше дека е причинет од суша. Детална студија на целата ситуација покажува дека вината всушност паѓа на комплетниот неуспех политиките што тогашниот британски премиер Винстон Черчил ги тера во Бенгал.

Американската битка за бургерот

Со наратив дека во демократските скути се кријат секакви вегански фашисти и други злотвори кои сакаат да му наудат на американскиоот начин на живот, конзервативци по прес конференции почнаа да јадат хамбургери.

Дали Казахстан ќе биде модел за трансфер на власта во Москва?

Ако за Путин се уште има надежи дека на некои избори ќе биде соборен, за Назарбајев такви очекувања не ни имаше. Сепак, Нурсултан една вечер одлучи да излезе на телевизија и да каже - доста е. Сега народ почнува да гледа накај Москва во надеж дека и од таму ќе им дојде слична вест.

Пискотници се слушаат од Њујорк тајмс до Атлантик

Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.

Индијанци преговараат долгорочно

Не знаеме како се викал Јакама поглавицата кој во 1885 година постигнува договор со американската влада, но индијанското име би требало да му гласи: Окото кое гледа далеку.

Како американски платеници беа уапсени во обид да преместат 80 милиони долари за претседателот на Хаити

Екипата од 7 луѓе на 16 февруари во 5 часот наутро слетува на аеродрмот во Порт о Пренс со приватен авион полн со полуавтоматски пушки, пиштоли, панцири и слична опрема. Најголемиот дел од нив добиваат 10.000 долари аванс, а по завршување на работата им се ветени уште 20.000 долари.

Бескрајната дупка за пари на Пентагон

На годишен буџет од 700 милијарди долари, Пентагон низ годините има насобрано трансакции од илјадници милијарди долари за кои нема никаков траг. Ова не се сите наплатени или потрошени пари, туку само сметки, кои подоцна прават да е невозможно да се утврди дали, кога и како некој го „заклал“ Пентагон или се расфрла со неговите пари.

Средниот прст е по устав

Полицајците не можат да бидат многуи свилени кога си имаат работа со безобразни или невоспитани граѓани, решила американска Апелација. Некој им покажал среден прст? Е, ако де.   

Што прави добро европската популистичка десница?

Европските популисти и десничари не добиваат поддршка само затоа што везден лаат против имигранти туку и затоа што нудат и спроведуваат економски политики кои им помагаат на сиромашните и на средната класа, пренесува Ал Џезеира.

Зошто Буш ја почна војната во Ирак?

Знаеме дека не е демократија или оружје за масовно уништување, ама не е ни ирачката нафта или израелски интереси.

Во Австралија ќе исчезне зимата

За 30 години, Австралија комплетно нема да ја разбира скопската микро клима која е „изгор лето, кочан зима“, пошто и да им објасниш што е тоа кочан, они ќе се прашуваат што е тоа зима.

Чистата енергија не може да го испере Биткоин

Глобалната мрежа за копање биткоини троши струја колку цела Унгарија. Тоа станува растечки еко- проблем а обвноивливите извори на енергија не би можеле да ги решат проблемите кои ги предизвикува, и во потрошувачката на струја и во зголемувањето на електронскиот отпад.

Вака можевме и ние...

ВД градоначалник на едно место во Флорида е уапсен и однесен во притвор, неполн месец откако го замени претходниот градоначалник, кој беше уапсен.

Пожар во крематориум, се спасиле само телата

Нема многу во оваа вест, освен ова што го ставивме во насловот а ни се чини како некоја напушена космичка иронија вредна за споделување.

Те едно, те исто, европските медиуми за најновиот брегзит неуспех

Би-би-си вонредната вест за гласањето за брегзит ја објави како „спектакуларен пораз за Тереза Меј“. За разлика од нив, европските медиуми само сакаат да заврши сето ова.

Воздухот убива повеќе луѓе од пушењето

Се знаеше дека загадениот воздух убива но сега е утврдено дека убива двојно повеќе отколку што претходно се проценуваше. Главниот убиец има пречник од 2,5 микрометри.

Основачот на Гринпис тврди дека климатските промени се епохална дубара

Конзервативци од разни провиниенции долго време тврдат дека антропогените климатски промени (оние кои се предизвикани од човечкиот фактор)  се плод на политичка дисторзија на климатските науки. Оваа аргументација добива неочекуван сојузник, во ко-основачот на Гринпис, доктор Патрик Мур, кој оценува дека се работи за кампања на страв која се одржува со дебели државни грантови.

Демократската конгресменка без извини му се пушти на Обама

Жената што на грб го навлече гневот на сопствената партија, Илхан Омар, заради коментари околу Израел сега му се сврте на убедливо најобожуваниот лик кај Демократите, за гревовите од неговиот мандат.

Макрон на патот кон демократски деспотизам

До сега во портфолиото од првиот мандат од владеењето на Макрон има: критика од О.Н. за користење на претерана сила против демонстрантите, предлагање серија закони за потиснување на демонстрациите, растурање дисидентски мрежи, промовирање „официјална вистина“ и потиснување на содржините на социјалните медиуми.