Разно

Добар секс-шоп по затната шахта се познава

Жители на еден од побогатите делови на Менхетен тужат локален секс-шоп затоа што домот им е поплавен од што локалот има работа.

Тужбите против Монсанто метастазираат

На хемискиот концерн кој пред некое време беше купен од германски Баер не му е првпат да седнува на обвинителна клупа. Но овојпат случајот е битен бидејќи може да се користи како правен преседан кој ќе ослободи лавина од 9.300 тужби.

Европските коли ќе имаат црни кутии

Веќе следната година би можеле да бидат воведени револуционерни промени во европскиот сообраќај. Се предвидуваат задолжителни цртни кутии, звучни предупредувања за пречекорување на брзината, системи за автоматско кочење и детекција на пешаци и велосипедисти. Сам да не си правиш технички преглед, таа лекција им нема влезено во радар.  

Кога Грците беа црнци

Една вест од Омаха, Небраска, пред едно 110 години, вели дека анти-грчки немири го вознемириле градот. Расистичките немири се вообичаени за тоа време, но првенствено против црнечката популација (повеќе за тоа во романот и филмот "Регтајм"). Само што, населенито на Омаха и не правело голема разлика меѓу Грци и црнци.

Балканските термо-електрани ја трујат цела Европа

Електраните на јаглен во западен Балкан се сериозен здравствен и економски проблем за цела Европа. Мртвите се бројат во илјадници, штетите во милијарди евра. 16 балкански термо-електрани, во една година испуштаат сулфур диоксид повеќе од сите 250 термо-електрани во ЕУ.

Трамп ерата може да трае уште 30 години

Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.

Драмата околу погребот на личниот секретар на Мао Це Тунг

И покрај претстареноста на ликовите, веста е тазе а во неа ќерката на личниот секретар на Мао се побуни против намерата на кинеските власти да го погребаат татко и на место за одделено за највисоките кинески функционери.

Што сè пропуштивме кај оние кои ги загубивме?

"Не можеш да знаеш кој каква и колкава улога има во животот на твоето дете додека не ги запознаеш и неговите дигитални пријатели," вели еден татко чиј сериозно хендикепиран син починал, а тој и мајката немале идеја дека за него свеќи се палат во цела Европа.

Секој трет Британец има проблем со Исламот

Анти-муслиманските предрасуди изминатиов период ја заменија имиграцијата како главна основа за раст на крајната десница во Британија. Моментално барем една третина од жителите на британскиот остров веруваат дека Исламот е закана за британскиот начин на живот.

ЕУ го сработи брегзит по грчки рецепт

Без разлика што двете држави немаат никаква сличност во однос на пари и моќ, ЕУ имаше слична стратегија за справување и со двете. Со таа разлика што за Грците, планот остана во фиока.

Електричниот Голф станува поевтин од плин или дизел

Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT) ја проверувал цената на набавката, горивото и даночните трошоци на најпродаваното европско возило, Голфот на Фолскваген, во сите негови варијатни: електрика, хибрид, плин и дизел варијанта. Во рамка од 4 години, електричниот Голф испаѓа најевтин во пет европски земји.

Треба повеќе да им се смееме на Русите

Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.

Рутгер Брегман, историчарот меѓу економистите во Давос

Потребно е историчари да излезат на телевизија и да објаснат што се случува, затоа што кога беше економската криза само економисти беа интервјуирани на ТВ, а ова се токму истите луѓе кои не видоа дека кризата надоаѓа, порачува историчарот кој направи организаторите на Светскиот економски форум да се пишман што воопшто го поканија.

Трансродовите права удрија на женските права

Група феминистки и академици ја предупредуваат шкотската влада дека нивното „месечарење“ кон пообемни права за трансродовите лица води кон „значителна ерозија на женските права“.

Готвачот на Путин

Човекот кој ги организира вечерите на Путин со лидери како Џорџ Буш помладиот, на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија, како и раководење со Агенцијата за истражување на интернет, исто така позната и како „фабрика за тролови“ која се вмеша во американските избори во 2016.

Како што не сака сиромашни, така ЕУ не сака ни ултра богати мигранти

Ако до пред некое време сиромашната арапско-африканска тајфа која наспроти сите шанси успева да стигне до европските брегови беше осудувана и презирана од арогантнатa Европа како носител на болести и криминал, сега на истиот список непожелни истата оваа Европа ги надена и ултра богаташите од овие, или кои било, краишта.

Не верувајте на вирални видеа

Едно вирално видео кое покажуваше како американски католички ученици се конфронтираат со Индијанци се чинеше како доволно јасно за да знаеме што таму се случило. Подоцна се појави друго видео од истиот настан кој ја доведе во сомнеж целата приказна.

Ќе дојдат со 1.500 приватни авиони и ќе ја жалат климата

Изгледа никој сериозно не ја сфати пораката на Дејвид Атенбороу до светските лидери да преземат итни мерки околу климатските промени. Уште ехото од таа изјава не поминало, а овие во рекорден број ги турираат авионите за следниот самит.

Најбогатите 26 луѓе на светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,8 милијарди луѓе

Во 2017 за овој успех на Оксфам му беше потребно на куп да го преброи богатството на 43 милијардери, во 2016 списокот беше составен од 61 милијардер.

Европа до Британија: Разбудете нè кога ќе знаете што сакате од брегзит

Пишувајќи пред неодамнешното гласање со кое беше одбиен планот на Меј за брегзит, колумнистот на Гардијан, инаку Данец, пренесува како целата драма им изгледа на сите други кои живеат вон островот: „Извинете што не можеме да бидеме возбудени околу гласањето. Од надвор, тоа личи само како уште повеќе парализирање и илузии.“

Имамот кој го засрами Жилет

Компанијата неодамна објави една реклама со наслов „Најдобриот маж кој можеш да бидеш“. Стандардно корпоративно маркетинг парче, со прилично испрани и испеглани ситуации кои треба да го инспирираат мажот да не биде џукела. Еден интересен имам ги пингаше Жилет на Твитер и ги праша: Дечки, кај ви се вистинските проблеми?

Ако нејќе Мухамед кај тероризмот, тероризмот ќе кај Мухамед

За еден пензиониран Чех, деноевиве осуден за тероризам. Не можејќи да дочека муслиманите да ја нападнат неговата земја, решава да ја напаѓа во нивно име.

Што е потребно за Трамп да биде присилен пак да излезе на партиски избори во 2020?

Републиканците не минаа добро на последните избори за Конгрес, а Трамп речиси и да нема ден кога по некоја основа не минува добро. Овие првите имаат сериозен проблем со тоа што се случува, вториов барем за сега глуми дека ништо не го занима.

На Обамовци им тргна: од 1,2 милиони на 40 милиони долари

Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма.