Фрлање пикавец од кола не е некој теоретски прекршок кој само фино изгледа во законите. Лани по оваа ставка во Нов Јужен Велс биле казнети околу 200 возачи.
Властите сега само драконски ги зголемија казните како реакција на пожарите кои ја опустошија земјата а на општо одобрување од пожарникарите и волонтерите кои учествуваат во гаснење на пожарите.
Ако догорчето полета од совозачкото место, плаќаат двајцата. Возачот на автомобилот 11.000 а патникот 1.300 долари. Плус возачот заработува 10 казнени поени, двојно повеќе отколку во 'мирнодопските' времиња.
„Безумното однесување ги доведува во ризик животите на нашите пожарникари и волонтери. Се надеваме дека ова ќе ги натера луѓето да помислат за последиците од својот потег кога следниот пат ќе им дојде да фрлат отпушок од кола,“ вели првиот човек на здружението на пожарникари.