„Многумина гледаат на 2010-тите како на ужасна декада, десет години хорор, неправедна дистрибуција на богатството и уништување на околината. Но, тоа е сосема погрешно. Вкупните индикатори на човечката благосостојба кажуваат сосема поинаква приказна, дека тоа беше најдобрата деценија во историјата,“ вели шведскиот историчар Јохан Норберг.
1. Екстремната сиромаштија од 2010 до 2020 година паднала од 18 на под 9 проценти.
2. По прв пат во историјата, повеќе од половината од светското население му припаѓа на средниот слој.
3. Повеќе луѓе од кога било порано имаат пристап кон чиста вода, санитарии и вакцини.
4. Просечната должина на човечкиот живот е зголемена за 3 години.
5. Смртноста на децата е намалена за една третина, што значи дека во таа деценија се спасени 1,2 милиони деца.
6. Неписменоста меѓу возрасните е намалена од 17 на помалку од 14 проценти.
7. Смртноста од загадениот воздух е намалена за 19%.
8. Стапката на изгубени животи во климатски катастрофи е намалена за една третина.
Што би рекле медиумите - ШОКАНТНО!!!