Разно

Фатва на европски начин

30 години после иранската фатва за писателот Салман Ружди, Европа сериозно регресира во поглед на слободата на говорот и мислата. Во една петтина од континентот кривично се одговара за богохулење.

Американските студенти должат 1.500 милијарди евра

Студентските долгови во САД никогаш во историјата не биле толку големи. Во кредитно ропство заради студиите се 44 милиони Американци.

Радо оди Јутјубер во војска?

Британската армија покрена кампања за регрутирање нови членови со кои се таргетираат младите генерации пораснати со селфија, видео игрици и јутјуб клипови. Ќе биде многу интересно кога на батаљон вакви снегулки, еден убав декемвриски ден ќе им наредат: А сега дечки одиме на Москва!

Калиф Ердоган

Муслиманите од Индија, кои бројат популација од речиси 190 милиони луѓе, се една од најпривлечните групи верници во Исламот за различните муслимански центри на моќ. До сега главната борба за нивна наклоност се водеше меѓу саудискиот вахабизам и пакистанскиот џихадизам. Од пред некое време во играта се приклучи и Ердоган со целата своја отоманска амбициозност.

Путин, вечен

Спикерот на рускиот парламент неодамна ја спомна можноста за промена на уставот на земјата што веднаш беше протолкувано како обид за симнување на ограничувањата што рускиот Устав ги наметнува на кариерата на Путин.

2018, годината кога Америка ја заврши војната против тероризмот и се сврте кон Кина и Русија

Уште пред почетокот 2018 беше сериозно важна за американската војска главно заради обемниот буџет што Трамп одлучи да го издвои за вооружените сили на земјата и сè придружно.

Божиќ, време за кавги во европските фамилии

За време на Божиќните празници, европските градови воочливо се подиспразнуваат. Добар дел од градската класа заминува да се видат со семејствата, родинините и пријателите во селата или малите гратчиња во кои пораснале пред да се отиснат во „белиот свет“. Без разлика дали се тоа места во истата држава во која и сега живеат и работат или од некоја друга држава од ЕУ, за време на тие средби двете страни сфаќаат дека се два различни света.

10 книги за читање... препорачани од Трамп

Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.

Клинтон, Буш и Обама се виновни за смртта на глобалниот поредок

Американските претседатели кои владееја по завршувањето на Студената војна можеа да тргнат по пат кој немаше да заврши со Доналд Трамп.

Отстранет споменик на Ганди пошто бил расист

Не е само Ќосето контроверзен. Не пости политичка личност на светов на кој не можат да му се најдат политички опашки. Еве го Махатма Ганди, симболот на ненасилниот отпор кон колонијализмот, честопати идеализиран како пророк, визионер и месија, тазе избркан од Универзитет во Гана, заради расизам.

Вината за бегалската криза има и арапска страна

Камел Дауд е алжирски автор и новинар, и човек на кој му е смачено да слуша дека Арапите „се жртвите а и дека Западот е нашиот џелат“.

Бил Гејтс не може да стигне да раздаде толку пари колку што заработува

Проблемот на Гејтс е што упорно троши пари на своите непрофитни хуманитарни проекти, а неговото лично богатство и понатаму упорно се зголемува.

Воена зона Париз

Иако медиуми (Си-ен-ен, Би-би-си, Вајс...) до совршенство се навежбаа секоја можна репортажа од протести да им изгледа како да е снимана директно од битка гради во гради, макар немало ништо ни приближно драматично, во случајот со протестите во Париз и аматерските снимки покажуваат воено поле.

Парадоксот на самит против климатски промени

На последниот самит на О.Н. во Париз беа присутни над 20.000 дипломати, научници и лобисти, секој со своја мисија, од кои (најверојатно) никој до таму нема стигнато на точак или ролери, туку изборот најчесто бил комбинација меѓу авион и лимузина. И на цел овој трошок и зијан, не се постигна нешто многу (ако не се сметаат селфињата).

Од кај толку самоувереност дека втор референдум за брегзит нема да заврши како првиот?

Моменталното расположение во делот од Британија што уште не може да го прежали брегзит е дека само човек треба да дозволи втор референдум и Британија останува во ЕУ. Ова не е многу различно од позицијата од која тргна Дејвид Камерон кога реши да им направи мерак на луѓето од својата партија и да организира референдум за напуштање на Унијата.

Не можеш да ја спасуваш планетата заебувајќи ги сиромашните

Француската влада со години и децении има промовирано дизел а со нивните последни предлози за покачување на даноци, испаѓа дека најмногу ќе страдаат оние кои ѝ верувале. Не може тоа така.

Американската гимнастика отиде во стечај

Американската гимнастичка федерација поднесе барање за банкрот. Им станало јасно дека без рестарт нема да можат да се справат со барањата за отштета за сексуално малтретирање кои кои им се трупаат пред вратило.

Како „Движењето“ на Бенон заглави во Европа

Декларираната цел на Бенон во Европа е „да се прободе колец низ срцето на Брисел“, како дел од борбата против глобалистите, а закажаниот датум за тоа е мај 2019, терминот за избори за Европскиот парламент.

Што ќе се случи кога разузнавачите ќе одлучат дека Трамп е премногу опасен за да биде претседател?

Прашањето и размислувањето е поттикнато од растечкиот јавен активизам на поранешни вработени на ЦИА, што се смета за најнеочекуваната последица од претседателството на Трамп.

Спасителот кој го опљачка Нисан

Секој деветти автомобил на планетава е дојден од фабрика со која управувал тој. На Нисан му останува темелно да си го провери системот кој дозволил еден човек да го олесни за 44 милиони долари.

Не е вест кога Трамп и Орбан бараат запирање на миграцијата во ЕУ, вест е кога Хилари е за тоа

Европа и централната левица општо мора да има поцврст пристап кон феноменот кој доведе до Трамп и Брегзит, порачува поранешната американска министерка за надворешни работи и претседателски кандидат, Хилари Клинтон.

Како да дадеш 1,8 милијарди долари во добротворни цели и пак да згрешиш

Милијардерот Мајкл Блумберг одлучи да го помогне Универзитетот Џонс Хопкинс, во кој има завршено, и да му донира 1,8 милијарди долари како финансиска помош. Иако не е ни блиску до најбогатите, Универзитетот само во 2017 има добиено околу 3,8 милијарди долари во донации.

Шведска 'има добиено' нова дебата

Скандинавската земја деновиве е окупирана со дебата околу најновата иницијатива за создавање „менструално-френдли“ работни места. Ние крв ќе проплукаме додека дојдеме до такви теми.

„Европа прва“ не може повеќе да се одложува

Не само што однесувањето на британските елити ја признава важноста на САД, туку тие и коленичат пред нејзе. Длабоко во себе, тие изгледа изразуваат пост-империјална британска зажеленост дел од големината на САД да се отслика и на нив. Би можело да се каже дека, барем ментално, Британија веќе е вазал, ама не на ЕУ, туку на САД, пишува Мартин Кетл во текстот за Гардијан.