Се работи за професор во средно училиште во Вирџинија, по француски јазик, кој беше поразен во првиот круг на терање правда и беше избркан од училиштето.
Сега професорот, Питер Вламинг, поднесе тужба против училиштето и според неа, разговорот меѓу ученикот и професорот во октомври 2018 бил следниот:
- Г-дин Вламинг, вие може држите до вашата религија, но ќе морате да почитувате кој сум јас.
- Жал ми е, ама тоа ќе биде тешко.
Кога Вламинг го пренесува конфликтот пред директорот на училиштето, таму добива одговор дека требало да ја смири ситуацијата и да врати со „жал ми е, сакам да кажам тој,“ во однос на транзиционираниот маж. Директорот подоцна пред училишниот борд во расправата за отпуштање на Вламинг застанува во одбрана на ученикот, изјавувајќи дека „не може да замисли полош начин за третирање на ученик од она што се случило“.
Во декември 2018, Вламинг е отпуштен.
Вламинг тужи дека со отпуштањето биле прекршени неговите права слободно да говори и да ја практикува својата религија. За ова тој бара отштета од 1 милион долари, враќање на старото работно место и декларација дека неговите права биле прекршени.