Во 2017 година Германија произведе 37% струја од не-јаглеродни извори. Остварувајќи ја усвоената енергетска програма, до 2025 година државата ќе инвестира 580 милијарди долари во обновливи извори на енергија и складирање.
Си тие пари можат да се изградат 46 нуклеарни ректори од по 1,6 гигавати, секој по цена од 12,5 милијарди, од најмодерните модели кои ги задоволуваат стриктните европски услови.
Со 46 нуклеарни реактори со ниво на искористеност од 90%, Германија прво ќе го заменеше сиот јаглен, гас и струја од биомаса, па ќе ги надополнеше денешните 150 терават-часови годишно кои се добиваат од обновливи извори (сонце и ветар) и на енергетските системи на нејзините соседи ќе можеше да им извезува 100 терават-часа, двојно повеќе од извозот во 2017 година.
Конечно, со преостанатите 133 терават часа, Германија ќе можеше да го прешалта целиот возен парк на леки коли, цирка 45 милиони патнички возила.
Слична е математиката и со Калифорнија.