Последните податоци од една невладина мрежа за бездомници велат дека во Лондон, од јули до септември годинава на отворено спиеле 3.985 луѓе, што е покачување од 28% во однос на истиот период лани.
Од нив, преку 2.000 се нови бездомници што е пак покачување од 50% за една година. Статистиката вели дека градот добива 22 нови клошари секојдневно.
18% (околу 700) се жени, речиси половината имаат ментални проблеми а 52% се луѓе без британско државјанство.
Положбата на овие луѓе стана уште посериозна откако беше донесен закон по кој за спиење на отворено се одговара кривично. Хуманитарците предупредуваат дека тие не можат да го решат овој проблем бидејќи се работи за системска девијација.