Новите стандарди беа вклучени уште во енергетската легислатива на Џорџ Дуплове Буш а финализирани од администрацијата на Обама. Требаше да стапат на сила во јануари 2020 година за постепено да бидат вадени од употреба старите сијалици со жичка и халогенките. Но златокосиот реши да стави крај на тоа и да ги укине стандардите по кои сијалиците требаше да станат енергетско ефикасни, да траат повеќе и да штедат струја.
Едно од блесавите објаснувања на регулаторите на Трамп е дека со стандардите на Обама се фаворизирале одредени облици на сијалици а тие сакале да ја прошират лепезата за да го зголемат изборот. Небаре сијалицата котира високо како производ со кој ја изразуваме нашата индивидуалност.
По сите метрики, новите ЛЕД решенија се супериорни во однос на претходните технологии. На сметка му заштедуваат на човек меѓу 50 и 100 долари за време на траењето на една сијалица а на национално ниво тоа ќе донесеше заштеда од 2 милијарди долари.
Технологијата која се штити со уредбата на Трамп датира од 1.800 година. Тоа е како некој денес да реши да ги штити коњите со кочија од автомобилите.
Салон смета дека како и многу други работи, Трамп ова го прави главно за на политичките противници да им падне мрак на очи. Колку е тоа јак мотив говори и потегот на еден конгресмен од Ајова ко пиеше вода од казанче само за да им докаже на душманите дека тоа е добра вода за пиење.