Замолчувањето на онака беспомошниот демонстрант веројатно не би се случило кога тој би извикувал некои револуционерни пароли или да дели навреди до мајките / сестрите на полицајците или кинеското раководство.
Како што објаснуваат луѓе кои го минале ова или биле сведоци на ова, за полицијата е многу важно да не се дознае името на човекот што го апсат.
Главната цел е ликот да исчезне, барем привремено.
Името е неопходно за семејството на уапсениот да може со време на адвокатот да му каже да почне да го бара нивниот човек. Од друга страна полицијата прави сè што може за да ги спречи адвокатите да дојдат до тој човек, пред да можат (присилно) да извадат сведоштво од него.
Работата е што во Хонгконг не функционира некој централен систем или точка на која можеш да го бараш уапсениот за да контактираш со него. За адвокатот да воспостави контакт со клиентот тој мора (освен името на уапсениот) да ја наведе и точната полициска станица или притвор во кој се наоѓа човекот. Заради ова и полицијата речиси редовно ги разместува уапсените за адвокатите да не можат да дојдат до нив, а тие да можат да извадат сведоштво. Според тамошни сведоштва, ова е причина зошто при упад на полицијата во автобус, сите низ прозор ги вадат своите лични карти и го извикуваат своето име, за луѓето од надвор да можат веднаш да ги пријават како уапсени, пред да се изгубат низ полициските станици во градот.