Американскиот сон полесно се остварува во Канада

Прво за оние кои ги занимаат само локални аспекти. Македонија ја нема меѓу 82-те држави на кои им бил мерен индексот за општествена подвижност, индикатор кој покажува колку некаде можат да се надминат класните и други бариери за да се напредува во животот. Луѓето надвор знаат дека овде уште е на сила Рациновиот „Бенџамин Батон закон за социјална мобилност“ кој гласи: „Роди се човек - скот умри“. 

Поединците родени во посиромашни семејства, имаат подобри шанси во животот да дојдат до сопствен дом, да се здобијат со квалитетно образование и да имаат подобар живот од своите родители ако се родени во Канада отколку во САД.

Со други зборови, на Канаѓаните им се се поголеми шансите да им се оствари „американскиот сон“ отколку на Американците кај кои богати мама и тато им се битни за успех во животот.

Тоа го покажува последниот Глобалниот индекс за социјална мобилност кој го изработува Светскиот економски форум а во кој се рангираат 82 држави по тоа колку нивните граѓани можат да ги остварат своите потенцијали без оглед на своето социо-економско педигре.

Сумарниот заклучок е дека повеќето економии (меѓу кои и и најразвиените), сериозно потфрлаат во тоа да создадат услови нивните граѓани да напредуваат/назадуваат поради сопствените потенцијали и перформанси. Во суштина, шансите за успех на луѓето остануваат под сериозен товар на економско-социјалниот статус кој го наследиле доаѓајќи на овој свет. Тоа е сериозен проблем не само на индивидуално ниво, туку и за економијата и општеството како целина бидејќи ако човечкиот капитал е движечка сила на економскиот раст, сè што го спречува автентичниот талент да се оствари, се кумулира во финалниот скор на една држава.

Германија е најдобра од членките на Г7 но на глобалната листа таа е само 11-та. По неа од гигантите од Г7 следуваат Франција (12), Канада (14), Јапонија (15), Велика Британија (21), САД (27) и Италија (34). Најдобри перформанси и на ова поле покажуваат нордиските земји Данска, Финска, Норвешка, Шведска и Исланд кои имаат најдобри индекси на социјална подвижност.

Интересна е и статистиката колку генерации се потребни за една сиротиња од фамилија да стане средна класа:

 

 

21 јануари 2020 - 16:46