Досегашните пожари додадоа три четвртини на инаку стабилизираниот годишен скор на Австралија во поглед на емисиите на штетни гасови.
Па сепак, тие 400 милиони метрички тони не се преседан за таа држаава/континент каде летните пожари се вообичаени но заради климатските промени, нивната сезона постојано се зголемува. Од септември 2011 до јануари 2012 година, во атмосферата Австралија испушти 600 милиони метрички тони јаглерод диоксид. Климатските промени сами по себе не ги предизвикуваат пожарите но растечките температури и сушите го сушат земјиштето, дрвјата и растенијата, претворајќи ги во гориво кое ги разбеснува огновите.
Последните извештаи велат дека се опожарени преку 10 милиони хектари земја, значајно повеќе отколку што лани изгореа во Амазон. Затоа „А ќутиш сега, а?“ го боцна деновиве бразилскиот претседател Болсонаро својот колега од Франција, Макрон, кој беше еден на најгласните праведници за амазонските пожари.
25 лица загинаа, стотици илјади се евакуирани, десетици илјади протестираат незадоволни како државата се справува со кризата. Веројатно најзагреота се животните. Сиднејски професор процени дека во пожарите загинале милијарда живи суштества, проценка кои некои сепак ја оспоруваат како предимензионирана. Во секој случај, Австралија е дом за 600 до 700 илјади различни животински видови, од кои добар дел не постојат на други места на планетава. Само инсекти имаат 250.000 различни видови од кои само една третина се именувани и класифицирани.
Нуспојава е што со некои животни ќе мора да се справи човекот. Австралија планира со снајпери од хеликоптери да убие околу 10.000 диви камили кои, губејќи ги животните простори, прават ршум по фармите а влегуваат и во населените места.
А она што може да се спаси, добрите луѓе го спасуваат:
Види и: