Гугл склопи договор со една голема медицинска компанија кој ѝ дава пристап до огромна количина податоци за американските пациенти.
Се работи за „Проектот Славеј“ од кој се очекува да се развијат корисни алатки за медицинските лица базирани на вештачка интелигенција.
Гугл ќе може да им пристапува на досиеата без да ги информираат луѓето чии податоци земаат. А во податоците се имиња и презимиња, адреси на живеење, лабораториски резултати, дијагнози, болнички записи од 2.600 американски болници.
Ниту докторите ниту пациентите ќе знаат кога Гугл ги гледа тие податоци. А Гугл дава чесен збор дека тие податоци нема да ги користи за адвертајзинг клиенти и дека нема да ги вкрстува со другите податоци кои ги поседува а кои секојдневно ги користи кога ги штима алгоритмите на своите сервиси.