Ветерните турбини, соларните панели и електричните возила се шират многу побрзо отколку што некои експерти предвидуваа. Па сепак, рапидниот раст на обвновливите енергии не е доволен да се анулира вкупниот ефект на човечкиот фактор а глобалното затоплување да се стави под контрола.
Тоа е заклучок на Меѓународната агенција за енергија која деновиве, на 810 страници го објави својот последен годишен извештај. Во однос на ланскиот, значајно се зголемени проекциите за фарми на ветерници, особено оние на море, соларни инсталации и возила на батерии бидејќи овие технологии во меѓувреме многу поефтинија и затоа што големи земји како Индија сериозно се зафатија со чиста енергија.
Меѓутоа, во истиот извештај се наведува дека со моменталните енергетски политики на државите, глобалните емисии на штетни гасови ќе продоклжи да расте во наредните 20 години. Причината е едноставна: глобалната глад за енергија расте а обвновливите извори не се доволни да го задоволат.
Петте трендови кои ја обликуваат иднината на климатските промени се:
Обновливата струја наскоро ќе ја претица онаа од фосилни горива
Обновливите енергии (вода, ветер, сонце) ќе го заменат јагленот како доминантен извор на енергија до 2030 година, кога се очекува тие да бидат 42% за јагленот да падне на 34%. Сепак, агенцијата потсетува дека во Азија има стотици рудници на јаглен со просечна старост од само 12 години кои ќе бидат во кондиција уште долго да бидат експлоатираат.
Ветерните фарми на отворено море стануваат амбициозни и меинстрим
Тие во моментов даваат 2% од европската струја. Се очекува до 2040 година нивниот удел да биде 9 кратно зголемен.
Џиповите го анулираат прогресот од електричните возила
Сè повеќе се купуваат електрични коли но сè повеќе се купуваат и џипови кои трошат повеќе од обичните коли. Во 2000 година од сите новокупени коли, 18% биле џипови. Денес се 42%.
Напорите за енергетска ефикасност забавуваат
Во 2018 година енергетската ефикасност била подобрена за само 1,2%, што ја прави една од побавните години.
Круцијално е она што се случува со Африка
Се проценува дека во наредните неколку децении, Африка ќе се урбанизира со ритам побрз од оној на Кина во 90-тите и во првата деценија на овој век. Ако тој развој биде ист како кинескиот, темелен на фосилни горива, сè што остатокот од планетата ќе прави, ќе биде џабе. Но, постојат потенцијали и за поинакво сценарио. Во моментов Африка има само еден процент од соларните панели во светот но тоа е континент која држи 40% од глобалниот потенцијал за соларна енергија.