Бидејќи обвинителството на Ајова нема докази дека некогаш Џозеф Смит, а денес Џози Смит, може да го повтори делото, тие ќе дозволат и нејзино ослободување.
Џозеф беше осуден за сексуално малтретирање на негова колешка од МСЦ (Midwest Christian Services) во 2014. Освен за делото што е осуден, во извештајот што тогаш беше подготвен за судењето на Смит се наведува дека тој сексуално малтретирал 15 жртви на возраст од 1 до 13 години. Истиот извештај објавува и дека Смит повеќекратно бил малтретиран како дете, почнувајќи од 7 годишна возраст.
Смит во 2017 прв пат бара да биде класификуван како трансџендер и почнува за себе да зборува во женски род. Во изминатите две години, додека е во затвор, тој ја добива терапијата за промена полот.
Од пред некое време Џози е префрлена во установа во која се прават подготовките за нејзина транзиција на слобода.
Од обвинителството објаснуваат дека и покрај тоа што казната е укината и тие веруваат дека таа нема да може да го повтори делото (главно заради хормонската терапија), Смит ќе биде заведена во регистарот на сексуални злосторници, и до крајот на животот ќе треба да има редовни средби со нејзиниот офицер за условно.