Велика Британија мора итно да пополни дури 90.000 „позиции“ за собирање на земјоделскиот род, го пренесува Гардијан алармантниот апел на организација која се занимава со таа тема.
Чартер летови со сезонски работници од источна Европа се неопходни како ургентна национална потреба бидејќи овошјето и зеленчукот ќе останат по нивите, се предупредува владата.
Некои од големите земјоделски компании веќе почнаа да носат работници но потребната цифра е толку голема што е неопходна помош и асистенција од државата. А за некои типови емиш и зарзават остануваат само неколку недели за реагирање.
Еден од главните снабдувачи со тие производи, Конкордија, планирале да доведат 10.000 работници, половина од ЕУ а другите од Русија, Молдавија, Украина, Грузија и Барбадос. Но, сите не-ЕУ земји се под катанец. Голема надеж се полагаше во армијата аргати со кои располага Украина но земјата ја продолжи затвореноста кој требаше да заврши на 2-ри април, до 23 април.
„Нашето регрутирање надвор од ЕУ е запрено, што не остава со Литванија која ги затвори границите, Романија која не лета и Бугарија која е нашиот стар адут,“ вели човек на Конкордија.
Лани, 98% од берачите на овошје во Англија, кои сега на островот се нарекуваат „клучни работници“, биле од Романија и Бугарија.