Некогаш цензори одлучуваа што може да се издаде како книга а што не. Денес постои истата функција, само што цензорите сега се викаат „чувствителни читатели“ кои оценуваат дали јазикот на авторот ќе навреди некоја од идентитетските снегулки. Башка проблемот со роботите кои - мислите случајно? - се прават главно од бела пластика!
И Русија има свои „добри практики“ а оваа потекнува уште од царистичките времиња: дисидентите и политички непријатните поединци да се испраќаат на далечен север за да им се олади малку главата.
Во Венецуела монструозната хиперинфлација толку ја има обезвреднето домашната валута што парите не вредат ни пет пари ако не смислиш што да правиш со нив. На пример, ракотворби.
Дефиницијата на О.Н за шума е површина поголема од половина хектар (5.000 метри квадратни) посадена со дрвја високи над 5 метри, од која минимум 10% е под крошни. Oва е стандардот што сите го бркаат кога сакаат да се покажат дека работат на пошумување, проблемот е што за дел од експертите ова е премногу анемична дефиниција за тоа што претставува шума.
Меѓу црните американски жени пеглањето на косата отсекогаш бил еден од најпопуларните фризерски третмани. Кој во афро-фризурата гледа премногу „црно“, во иднина ќе биде законски казнуван.
Америка располага со многу мало влијание со кое би можела да го спречи комплетирањето на Северен тек 2 проектот меѓу Русија и Германија, изјавуваат двајца високи функционери од американската администрација, признавајќи ја капитулацијата на повеќегодишните напори за спречување на соработката.
Холандија е чудесен и уникатен пример како сериозно може да се намали затворската популација. Дотаму намалена што слободните затворски места им ги изнајмуваат на други држави. Холанѓаните сфатиле дека строги казни не делуваат кај секого. Ќе одлежи, ќе излезе на слобода и одма ќе направи нова беља. Ако го знаете Орце сељакот, јасно ви е за што зборуваме.
Во еден неодамнешен платен говор Обама ги обвинува белите старци што се борат за претседателска номинација дека „не се тргаат од патот“. Моментално во демократската трка има двајца старци (што имаат шанса), едниот му е другар, другиот е Сандерс.
Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.
Гугл добива пристап до лични медицински податоци за огромен број луѓе, сосе дијагнози, лабораториски резултати и слично. Ќе имаат пристап до досиеа од 2.600 американски боллници. Ниту пациентите ниту лекарите ќе знаат кога нешто нивно влегло во машините на технолошкиот гигант.
Расистичките дела понекогаш или секогаш се оправдани, е ставот на повеќе од половина анкетирани Италијанци по серијата расистички и анти-семитски инциденти во земјата.
Исто као нас, Делхи има сериозни проблеми со ужасно загадениот воздух. Исто како нас, Делхи да ти имал и сериозни политичари кои знаат да помогнат со драгоцени совети.
Три децении после падот на берлинскиот ѕид, светот не е онаков каков се надеваа дека ќе биде оние кои го рушеа. Сега се бараат нови ѕидови; некои на границата со Мексико, некои во своите глави.
Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.
Онаа реплика на Раде Шербеџија во „Трето полувреме“, „Секоја птица лета во своето јато“, се чинеше прецизна за автохтоното балканско/ македонско проклетство за поделеноста на луѓето. Aма, не лези враже, се чини дека има и четврто полувреме.
Германија досега ќе успееше комплетно да ја декарбонизира својата електрична енергија доколку наместо во обновливите извори, вложуваше во нуклеарки. Сосе сите 45 милиони возила на нејзините патишта.
И археолошкиот локалитет Чичен Ица во Мексико e во опасност да го изгуби специјалниот статус од УНЕСКО. Заради тезги со сувенири и дрангулии. Слично како Охрид, 30 години не можат да го решат проблемот.
Американската сојузна држава на трусниот западен брег лансираше систем за рана детекција на земјотреси и узбуна на населението. Луѓето на мобилен ќе добиваат предупредување 20 секунди пред да почне да дрма.
Откако завршија протоколарните џумбуси, на раат да го скицираме политичкиот профил на актуелниот американски државен секретар кој деновиве ја посети Македонија и ни порача да се чуваме од руски ботови и сомнителни кинески инвестиции. Ние се чуваме од руски ботови со тоа што пишувањата ги темелиме на сериозни, главно западни медиуми а на крајот од истата статија ќе видите кој сега треба да се посипува со пепел што своевремено кукаше дека немаме доволно кинески инвестиции.
Девојка транзиционира во машко и нејзино право е по ова да биде ословувана во машки род. Професор и верник тврди дека неговата религија му забранува на ученикот да му се обраќа во машки род, и негово право е да продолжи да му се обраќа како што било во оригинал.