40 годишниот лекар кој има студирано во Германија и таму престојува речиси две децении, со највисоки можни оценки ги минал сите потребни тестови за добивање германско државјанство но паднал на последниот тест од цивилизациска природа: нејќел да пушти рака на женско за ракување.
Настанот не е нов а се случил на официјалното предавање сертификати за државјанства кога овој прво одбил да се ракува со службеничката а потоа таа се налутила па го повлекла документот и одбила да му го предаде.
Случајот го реши така како што го реши административниот суд во Баден-Вуртенберг каде лекарот муслиман се правдал со ветувањето дадено кон неговата сопруга дека никогаш нема да пипне друго женско во животот.
Пред две години, ист проблем и иста одлука се беа случиле во Франција за што пишувавме во статијата „Кратка е раката на државјанството.“