Рускиот игумен против „сатанистичкиот електронски камп“

Приказната за игуменот Сергиј кој верува дека пандемијата е само параван за масовно да ни уфрлат микро-чипови. Него го чуваат Козаци а тој чува ликови од Сталин и цар Николај. Иако испуден од црквата, и натаму држи литургии и обавува егзорицам а неговата матична епархија ги повика верниците да се молат да му дојде памет.

Недоразбирањата меѓу врвот на руската православна црква и еден од најпознатите православни свештеници во централна Русија кулминирал во јуни оваа година, кога игуменот Сергиј отворено заговара непочитување на препораките на црковниот врв да се избегнуваат собири и одење во црква (таква препорака имаа и за Велигден). Црквата му забрани да држи верски обреди и закажа црковен судски процес против него а полицијата испитува дали во неговите ставови има основа за тужба за екстремизам. За возврат, схи- игуменот (схима е големиот завет кој се добива на постари години) зазема еден женски манастир во близина на Екатеринбург и доби 24 часовна заштита од Козаците.

Отец Сергиј некогаш бил полицаец, световното име му е Николај Романов а има лежено затвор за убиство и грабеж. По отслужувањето на казната, се посветува на служење на Бога и градење манастири по Урал. Тој е еден од најприсутните верски авторитети во тамошната јавност, духовен отец ѝ е на заменик-претседателката на руската Дума Наталија Поклонскаја но и на лик каков што е Тимур Свердловски, член на мафијашката „Крадци во законот

Ковид пандемијата е клучен камен на сопнување. Според него, Русите нелегално се заробени во самоизолација со намера тоа да се претвори во „сатанистички електронски камп“, па бара верниците да ги отфрлат „вакцините со микрочипови“ кои ќе бидат водени со „вештачка интелигенција која нема ни душа ни милост“.

Некаде во јуни во манастирот му доаѓаат федерални агенти но посетата завршува како формална инспекција. Претходно, отец Сергиј им порача дека единствен начин да го извадат од таму е во сандак. Тогаш на новинарите им ги покажал и неговите одаи во кои, меѓу иконите се наоѓаат и ликовите на Сталин и царот Николај. Меѓу другото, контроверзниот отец е и лидер на групата Царебожњики, група која налик секта чии луѓе веруваат во светата улога на последниот руски цар Николај Втори, кого болшевиците во убија во 1918 година, заедно со неговата жена и трите ќерки.

Со своите следбеници (меѓу кои е и, на пример, олимпискиот хокеар Павел Дацјук), игуменот моментално функционира независно како Ватикан и ги контролира манастирските комплекси и нивните економии на површина од околу 100 хектари. И натаму ги обавува сите верски обреди и литургии а продолжува и со егзорцизам.

Отецот е убеден дека и Путин е меѓу лошите и дека ги потпишал сите документи за злоупотреба на биометриските и други податоци. Од своја страна, епархијата во Екатеринбург, ги повика верниците да се молат нивното забегано чедо да си дојде до памет. 

 

20 октомври 2020 - 22:19