Перу го отвори Мачу Пикчу само за еден јапонски турист

Јапонецот се здал во Перу за да накратко да го види светски познатиот археолошки локалитет и туристичка атракција, но, наместо тоа, заглавил седум месеци во карантин. Локалните туристички авторитети дознаваат за приказната па решаваат да го почастат.

После неколкумесечен катанец, Мачу Пикчу бил отворен за само еден турист од Јапонија. Младиот дечко влегол во земјата непосредно пред да биде прогласена вонредна состојба и на сила да стапат рестрикциите поврзани со пандемијата, меѓу кои и затворање на туристичките локации.

Седум месеци подоцна, на 26 годишниот инструктор по бокс надлежните му дале водич и му го отвориле местото за да не се врати дома без да ја исполни саканата желба.

Пресреќен, нормално.

Мачу Пикчу е монументална творба на цивилизацијата на Инките, обесчестена од шпанските конквистадори кои доаѓаат таму во 16-от век. Остатоците се пронајдени во 1911 година од американскиот истражувач Хирам Бингам а за светско културно наследство локалитетот е прогласен во 1983 година.

Било планирано локалитетот да биде отворен во јули но поради епидемиолошката состојба, тоа е одложено за ноември кога треба да почне да работи со 30% од нормалниот капацитет кој изнесува 675 луѓе на ден.

 

20 октомври 2020 - 08:28