Мислења

Кога Западот дозволи христијанството да умре во својата колевка

Западниот свет одамна се навикна на прогонот на христијаните на Блискиот Исток, како таа нивна лоша судбина да е неизбежна и едноставно мора да биде прифатена. Како христијанството да е предодредено да умре или за него да нема преостаната егзистенција онаму каде што беше неговата колевка.

Крајот на сите транзициски илузии

Називот земји во транзиција беше скован од меинстрим медиумите и службената политика на поранешните социјалистички земји кои во тоа беа охрабрени од меѓународните политичари. И ова требаше да ја означи транзицијата од социјализам во либерален капитализам.

Бела магија, будењето на Фердинанд и заспаните овчички

Што се однесува до движењето Само јако и Бели можам да кажам дека нивното делување е стварно револуционерно. Точно е дека е пролет и точно е дека сум љубител на пролета, но не оној љубител кој оди и го мириса цвеќето како полу-заспаниот бик Фердинанд кој е несвесен за својата сила, бик кој неодоливо потсетува на апстинент.

Иркутск виа Белград

Агрокор и сите профитабилни делови од концернот ќе и припаднат на Русија, а благодарејќи на подредената положба само дополнително ќе се задолжуваме и ќе купуваме тони харинга, евтина вотка и кисели краставици. И затоа, здраствујте и добро потегнете вотка од 2,99 рубљи да загреете коски затоа што не патуваме во Швајцарија, туку во Иркутск преку Белград.

Пандорината кутија на финансирање невладини организации

Во Европскиот парламент се подготвува нацрт документ кој треба да биде усвоен од Европската комисија, а содржи одредби за престанок на финансирање на оние невладини организации, или НВО-а, кои не спроведуваат политики во склад со "стратешките комерцијални и безбедноси цели" на Европската унија.

За нешто да се промени, „интелектуалната елита“ мора да одјебе

Многу поубаво би било да живееме за некои сто или двесте години од сега, кога нема да фигурира само нахранет стомак и асфалтиран пат до дома. До таа точка ќе има уште многу нервирање, но барем грешките можат да се минимизираат. За почеток, елитата да престане да јаде гомна...

Само млако

Од овој момент опозицијата треба да почне да се подготвува за белградските избори кои ќе дојдат точно за една година. А прва точка во тие подготовки треба да биде анализа на тукушто завршените претседателски избори. Поточно одговорот на прашањето зошто опозицијата не успеа да ги разбуди своите гласачи. Зошто половина од нив останаа дома?

Идеологот Трамп?

Историчарите може ќе го памтат Алек Болдвин како најкорисниот сојузник на Трамп, откако неговите имитации на американскиот претседател во СНЛ го претворија Трампизмот во фарса, ослепувајќи ги противниците кон сериозноста на неговата идеологија, пишува директорот на Европскиот совет за надворешни работи, Марк Леонард.

Полски и украински националисти: взаемно потребни непријатели

Размерно незабележано мина вчерашниот инцидент во градот Луцк на западот од Украина каде непознати лица со фрлач на гранати пукале на полскиот конзулат. А не е често на дипломатско претставништво во Европа со такво оружје да се направи дупка со дијаметар од 70 сантиметри.

Нека зборуваат француски!

Многу се кажа и напиша за "Молиер клаузулата" прв пат претставена од Винсент Ју, советник од западниот француски град Ангулем, во која се бара употреба на француски јазик на градилиштата. Тука, прво и пред сè, станува збор за гарантирање безбедност на градежните објекти, пишува Шантал Делсол во едиторијалот за Фигаро.

Кога Русите ќе вмаршираат

Преземањето на Агрокор е во склад со шаблонот на рускиот економски продор од "Прирачникот на Кремљ" на Центарот за стратешки и меѓународни студии од Вашингтон. Се работи за процес кој авторите го опишуваат како "манипулирање на државата со доминирање и злоупотребување на стратешките економски сектори".

Популизмот е резултат на глобалниот економски неуспех

Политичкиот револт е неизбежен во свет каде вработените се робови за плата, а шефовите супер богати, пишува Лари Елиот во Гардијан.

Песимизмот е единствената надеж на Европа

На својата 60-годишнина, вознемирената ЕУ треба да најде инспирација во едно од своите најголеми наследства: мрачната германска филозофија.

Популисти вс. елити

Подемот на популистите предизвика алармантна реакција меѓу таканаречените елити. Најголем дел од нив се обвинуваат самите себе си дека ги заборавиле оние што останале "зад нив", и дека не обратиле внимание на потребите на обичниот човек. Новинарите се обвинуваат себе си дека се премногу политички коректни, премногу наклонети кон глобализацијата и ксенофилијата. Ова, со цела почит, се глупости.

Штрбави против заблести

Универзумот на заблестите и штрбавите се судираат само спроти избори. Тогаш заблестиот ќе се потсети колку ги мрзи штрбавите заради фактот дека штрбавите се во големо мнозинство и дека најверојатно, повторно ќе триумфираат. Тогаш штрбавиот се потсетува колку ги мрзи заблестите заради нивната вообразеност и надменост и фактот дека, само затоа што ги имаат сите заби, константно ги гледаат од височина.

Како напред? Назад!

Да, можеби излезот од целосниот хаос во кој се прпелка светот е враќање неколку века наназад. Не затоа што тогаш немало мобилни и таблети, а луѓето многу се почитувале и си викале добар ден, туку затоа што тогаш имало и - просветителство. А тоа значи емпирија, рационалност, факти, трагање по вистината. Не по пост-вистината и не по лагите кои ќе се наречат алтернативни факти.

Балканци - исти луѓе со слични различности

Балканот е место каде што гледаме во исто а ни се гледа различно. Каде што кога е тешко, луѓето не не знаат дали попрво да му се помолат на Бога или да го опцујат. А на Балканот секогаш е тешко. Затоа таму прво се научуваат молитвите и пцостите. Прчвара во која на секој ќош се дига чашка ракија за здравје, а никогаш повеќе не се умирало од рак.

И сè беше супер додека не дојде Бели...

Не знам дали сте забележале, со децении капата ни ја кројат исти луѓе. Дачиќ, Вучиќ, Драшковиќ, Чанак, Љајиќ, Николиќ, Веља, Маја, Борис... сè е исто а на Србија никогаш не и било полошо.

Писмо до ЕУ од Западен Балкан

Четиринаесет години по Солун, ние сфативме дека ти стварно не нè сакаш нас - и почнавме да се однесуваме соодветно на тоа.

Кој либерален светски поредок?

По ужасот од година што беше 2016, најголемиот дел од политичките набљудувачи веруваат дека либералниот светски поредок е во сериозни проблеми, и тука завршува нивната согласност, пишува директорот на Европскиот совет за надворешни односи, Марк Леонард.

Азра: мала школа на политичко мислење

Требаше да молчи и да се прави дека нè нема. Потоната Атлантида. Земја и земји со совршено безначајни култури. Никој и ништо.

Писмо до младиот Рамбо

Сцените во кои се замислуваш себеси се прилично ретки. Непријателот обично е попаметен од каскадерите што Рамбо ги коси со стрели, рафали, базуки и мачети. И дечките од другата страна ги гледале истите филмови. Поглуп си од нив ако тоа го заборавиш.

Мајкл Мур: Направете ги овие 10 работи и Трамп е готов

Мајкл Мур состави упатство во 10 точки за реметење на мандатот на новиот претседател. Убеден е дека ако граѓанскиот отпор одигра мрежно и упорно, Доналд Трамп нема долго да трае.  

Во доба на роботи, школите ги учат нашите деца да бидат излишни

Во иднината ако сакаш да имаш работа, ќе треба да бидеш што е можно поразличен од машините: креативен, критичен и социјално вешт. Ако е така, зошто тогаш децата се учат да се однесуваат како машини?