Како што дојдоа божиќните празници така на националните медиуми не им требаше долго време за да почнат со репортажи кои имплицираат дека британските муслимани се недоволно интегрирани затоа што „одбиваат да го слават христијанскиот празник“. Иронијата на оваа штетна исламофобија, едвај затскривајќи се зад бајракот на бранење на јудео-христијанските вредности на нашата земја, е што таа е лишена од секакво содржајно разбирање на исламот.
Сепак, муслиманите го сакаат Исус.
Всушност, пророкот Мухамед вели: „Мојата најдрага личност на овој свет и следниот е Исус, синот на Марија“.
Може ќе се изненадите кога ќе дознаете дека Исус во Куранот е споменат над 100 пати, додека, за споредба, пророкот Мухамед е споменат само 5 пати. Опишана како најдобрата жена која некогаш одела по Земјата, во Куранот има цело заглавие под наслов „Марија“ и таа е единствената жена спомената по име во светата книга.
Не е само дека муслиманите го сакаат Исус - ние веруваме дека тој е еден од најголемите гласници на Бога. Ние веруваме во неговото чудесно раѓање. Ние веруваме дека Господ го дарувал со способноста да оживува мртви луѓе, да ги лечи лепрозните и да им го враќа видот на слепите и, како и христијаните, и ние веруваме во неговото второ враќање на овој свет.
Како што муслиманите имаат длабока почит и љубов за Исус, така ние сме учени да ги сакаме и почитуваме нашите христијански пријатели кои имаат поинакво гледиште за тоа кој бил Исус. За жал, благодарејќи на една рака екстремистички лудаци, надополнети со премногу често исламофобската медиумска индустрија, луѓето имаат една погрешна перцепција дека муслиманите постојано сакаат некому да му ја менуваат верата, и тоа насилно. Но Куранот јасно кажува дека „во религијата нема присилување“, што значи дека никого не можеш со сила да го натераш да стане муслиман.
Низ планетава, и најзабележливо во срцето на муслиманските земји, муслиманите и христијаните над 1000 години живеат еден до друг. Иако под закана, овој дух на коегзистенција и денес може да се најде низ светот, и токму ова е духот на соработка и споделување што треба да го оживееме во нашите заедници низ земјава.
И покрај длабоката теолошка разлика меѓу христијанството и исламот, двете големи религиозни традиции имаат многу повеќе заеднички работи отколку што луѓето мислат. Приказни за мудрост и досетливост на големите пророци како Аврам, Мојсеј, Давид и Ное, се наоѓаат и во двете традиции, како и описите на ангелите, задгробниот живот и многу други работи. Но, токму радикалната порака на Исус е она што сите ние; муслимани, христијани, луѓе од сите вери и од никоја, треба да се потрудат да ја запаметат во овие конфузни времиња.
Исус бил познат по својата длабока понизност, неговата борба против неправдата и неговото откажување од сопствените желби во корист на другите. Неговата радикална љубов на најранливите и запоставените во општеството е вкоренета во неговата длабока врска со небеското. Гледајќи го животот на Исус, ние гледаме динамична порака која сака да го сврти нашиот фокус од празниот раскош на овој свет, кон живот со значење, цел и служба.
Наместо да се прекоруваат муслиманите за тоа што немале „балони и божиќни капи“, ако Божиќ треба да биде за нешто, тогаш тој треба да е за Исус, и како неговото учење може да влијае и да го смени светот на подобро. Во овој дух, оваа празнична сезона, како што температурите паѓаат и ние се заседнуваме во нашите удобни домови, повеќекратно наградуваната добротворна организација на британските муслимани, „Пени апиал“, започна со отрезнувачки зимски апел, поставувајќи го прашањето и започнувајќи го хаштагот #WhatWouldJesusDo?
Кампањата започна неодамна со откривање на пет скулптури од мраз на кои се прикажани бездомници во лондонското метро, нагласувајќи ги длабоките финансиски разлики во нашата нација и страдањето на бездомниците на нашите улици. Секоја вечер илјадници луѓе спијат на смрзнувачки температури, бројка која расте од година во година. Како одговор на ова, Пени апиал регрутира доброволци кои ќе помогнат во дистрибуирање на зимски пакети, и одржува чајанки за постарите на кои можеби им е ладно или се осамени во зимскиот период.
Како што половина од Британија сега изјавуваат дека не се од ниту една религија, неизбежно е дека во претстојните години и децении ќе се смени начинот на кој како држава ги славиме религиозните празници. Сепак, како што Божиќ се повеќе и повеќе се сведува на празен консумеризам за кој Исус нè предупредуваше, можеби не изненадува дека празничниов период исто така забележавме остар раст на осаменост, депресија и преовладувачки финансиски стрес кај огромни делови од британската јавност.
Иако најголемиот дел од британските муслимани може се индиферентни кон прославите кои периодов се во тек, можеби ние можеме да одиграме мала улога во оживување вистинскиот дух Божиќ, сепак нема ништо повеќе што наликува на Исус отколку откажување од дел од нашите задоволства и удобности во корист на соседот на кого тоа му е потребно.