Расистички е колку е ЕУ опседната со мигранти

Во најсрамните вести од минатата недела, кои едвај и да добија внимание од медиумите, Доктори без граници ја прекина својата операција за спасување мигранти на Медитеранот заради притисокот од европските нации, а посебно Италија.

Или како што ДБГ го срочи тоа во своето соопштение „континуирана кампања за делегитимирање, клеветење и попречување.“

Изминатите два месеца бродот Аквариус кој им припаѓа на ДБГ беше закотвен на пристаниште во Марсеј откако по притисок од италијанската влада Панама одлучи да ја повлече регистрацијата на бродот. Минатиот ноември италијанските судови ги обвинија ДБГ за нелегално исфрлање токсичен отпад во пристаништата во јужна Италија и наредија Аквариус да биде запленет.

Каков токсичен отпад? Облеката што ја носат мигрантите и храната од патувањето. Италијанските власти тврдеа дека на облеката може да има ХИВ вирус, играјќи на старата расистичка карта за мигранти кои носат болести. Ако Русија или Кина спроведоа таква кампања на малтретирање и заплашување, ќе имаше контрареакција и јавна осуда. Далеку повеќе гнев се истури врз Доналд Трамп за користењето солзавец против мигрантите на мексиканската граница отколку за политиките на ЕУ кои доведоа до смрт на илјадници мигранти.

ЕУ веќе има обемно досие на криминализирање на обидите за спасување бегалци. Во минатото такви постапки може предизвикаа гнев од јавноста. Денес едвај има кревање раменици. Тврдината Европа создаде не само физичка туку и емоционална бариера. На мигрантите се помалку се гледа како да човечки суштества, а се повеќе како да се остатоци од бродолом кои треба да бидат исчистени од европските плажи.

Европските власти станаа толку заслепени од својата опсесија со имиграција што ја изгубија својата способност да ги препознаат своите најосновни обврски што ги имаат кон другите човекови суштества.

Неколку илјади удавени Африканци и Азијци секоја година, за многумина, се цената која вреди да се плати за дома да не им избувне дебатата за имиграцијата.

Кенан Малик,
Гардијан

10 декември 2018 - 11:23