Хилари има повеќе шанси да стане претседател на Либија отколку на САД

„Ако противотров за Трамп е Клинтон, тогаш противотров за ракот е инфарктот“, пишува за една од последните гротескни комбинации во кои Хилари повторно се враќа во игра колумнистот на Индипендент, Хаф и РТ, Џон Вајт.

Расипаноста и Хилари одат рака за рака. Расипаноста всушност е и нејзино поле на експертиза, затскриено во облека на либерализам. Имајќи го ова предвид, можеби таа е загрижена дека станува збор за либерализам маскиран како расипаност, како што станува се потешко да се разликува меѓу двете.

Верување кое го оправдува лицемерието и хипокризијата додека истовремено ги оцрнува вистината и правдата, либерализмот, да го парафразирам Ајнштајн, се сипаниците на човековиот род. Таа е жена за која светот и сè во него е еднакво на шведска маса која е корисна само за хранење и негување на американската хегемонија.

Во 2016, нејзината кампања за Белата куќа пукаше по ивици, лишена од кредибилитет како што овцата е лишена од волна, но во нејзиниот случај од овчарот на вистината Викиликс. Корупција, двојни игри, лаги и невистини - бирај што сакаш и Клинтон фондацијата што таа ја управува со нејзиниот сопруг ќе ја најдеш во нејзиниот врв.

Во сега неславните мејлови на Подеста се открија несоборливи докази за вулгарната алчност на самата нејзе и нејзиниот сопруг, надополнети со опседнатоста за статус и моќ во споредба со кои и Борџија би се замислил. Дури и сега да ги прочиташ откритијата од мејловите, две години подоцна, смрдеата останува силна.

Демократската партија беше наштимана за да се осигура дека без разлика на фактот што нејзиниот противник Берни Сандерс (чија платформа се базираше на редистрибуција на богатството и социјална правда) беше далеку покредибилен и поверојатен кандидат за да му се спротивстави на Трамп, никогаш нема да има шанса. Машинеријата на Демократската партија се осигура ова така и да биде - се осигура дека жена машина со срце машина, каква што е Хилари Клинтон, ќе биде избрана без разлика на сè.

Во последователната кампања, таа се кандидираше за претседател однесувајќи се како нешто да и следува, што заврши многу работа во внесување на маж во Белата куќа, како 45-ти претседател, кој е многу поприкладен во психијатриски кабинет отколку во Овалниот кабинет.

Гневот што таа го започна по нејзиниот понижувачки пораз не беше насочен кон човекот кој беше одговорен за тоа - самата таа - туку кон Русија, Асанж и Викиликс, обвинувајќи за соработка и конспирација.

Резултат на ова апсурдно практикување на отфрлање вина беше истрага, предводена од поранешниот ФБИ шеф Роберт Милер, во непостоечкото руско мешање во изборите во 2016. Народски позната како Русијагејт, истрагата на Милер во моментот на пишување на овој текст има извадено нула кредибилни докази за руско државно мешање во победата на Трамп. И ова е исход без разлика на ангажманот на значителни ресурси, пари на даночните обврзници и сите напори за постигнување на целта за обезбедување на истите.

Во интервју од почетокот на годината како дел од промоцијата на неговата книга за Белата куќа на Трамп „Страв“, авторот и наградуван американски новинар Боб Вудворд откри дека и покрај тоа што „напорно барал“ за време на двете години додека истражувал за книгата, тој не можел да најде докази за руско мешање во американските претседателски избори во 2016.

Па имаме кандидат, Хилари Клинтон, за која се знае дека е корумпирана и лакома како уличен шибицар, која со поддршка на подеднакво корумпираниот либерален естаблишмент иницира истрага која ги симна односите меѓу Вашингтон и Москва на рекордно опасно ниски нивоа.

Дури и англискиот јазик со целата своја чудесна обемност не може да даде збор што би опишал така тврдоглава неискреност.

Она што не треба да биде заборавено е дека олимпискиот капацитет на Хилари Клинтон да зборува невистини пред масите беше откриена уште многу пред 2016. Во 2008 во текст за магазинот Слејт (The Case Against Hillary Clinton) Кристофер Хиченс ја растури жената, поткренувајќи го каменот на нејзиниот карактер за да ги открие бубачките под него.

Тој пишува:

„Што треба да заборавиш или превидиш за да посакаш овој дисфункционален клан повторно да заседне во Белата куќа и повторно да е во позиција да им ја изнајмува спалната на Линколн на донатори и да го претвори Овалниот кабинет во салон за масажа?“

Те молам продолжи:

„Кога првата дама беше на тура на добрата волја во Азија во април 1995 - тип на банално патување за кое сега тврди дека е дел од нејзиното искуство во дипломатијата - г-ѓа Клинтон беше во Непал и на кратко се запозна со сега починатиот Сер Едмонд Хилари, освојувачот на Монт Еверест. Секогаш подготвена да го извади ќарот, таа објави дека мајка и всушност ја крстила по овој славен и бестрашен истражувач. Ова тврдење и врши доволно работа за да биде повторено и во другите држави што ги минува на турнејата па дури и се појавува во мемоарите на Бил Клинтон една деценија подоцна, како уште еден пример за храбрата традиција која е основа на сенаторката од Њујорк.“

Еве го и пресвртот:

„Сенаторката Клинтон е родена во 1947, а Сер Едмонд Хилари и неговиот партнер Тензинг Норгеј не го искачуваат Монт Еверест се до 1953, па оваа сторија е очигледно невистинита и на крај потклекна пред проверувањето факти.“

Клинтонови, Обама и нивното либерално дело беа бабицата која го донесе на свет Трамп и неговиот неолиберален хаос од кој произлегува крајно-десничарскиот популистички гнев, и ако на овој крајно десничарски популистички гнев му е дозволено да создаде уште повеќе неолиберален хаос во 2002 тогаш американскиот експеримент во култот на индивидуата секако ќе доведе до втора граѓанска војна.

За масите сиромашни низ Америка, како и за светот кој едвај чека да се ослободи од пипците на Империјата, разликата меѓу Републиканските и Демократските крила на оваа лоша копија на демократијата речиси и да не постои.

Како што Гор Видал поентира со беспрекорна самоувереност: „Во Лилипут не се носи стап за мерење“.      

Џон Вајт,
РТ