Ослободителната пресуда за младиот Кајл Ритенхаус ги зацврсти идеолошките ровоови ископани околу овој случај, во кој за едните тој е патриотски херој а за другите морален монструм и доказ за постоење системска бела супремација. „Одлуката е шокантна само ако сте пропуштиле цела година лошо новинарско известување околу овој случај“, вели Мат Таиби.
Прво беа најмалку илјада што од Нетфликс ќе протестираа против шоуто на Дејв Шапел, барајќи да биде симнато од видеотеката на платформата заради навреда на транс-сексуалците. Потоа таа илјадарка спадна на стотина, па на дузина, за на крај целиот настан да се сведе на „има нас Чворовиќа“ како што на својот брат Илија му викаше Ѓуро Чворовиќ во Балкански Шпион.
Нема да ви зборуваме дека имаат тајни тунели или пијат детска крв или што и да смислиле оние што куцкаат по своите тастатури со алуминиумска фолија на глава. Работата е посериозна и пореална од тоа, а најжално е како она што денес се смета за прогресивно, одеднаш се вљуби во ЦИА и слични. Патем, еден детаљ и за Тиранската плаформа...
Мат Таиби педантно регистрира како морфираа вестите за новото апче против ковид на Мерк. Како од најнормална вест дека ете, имаме апче, пак се заврши со наравоучение: јес да имаме апче, ама вакцините се закон. Ко за глупи.
Од пренесувачи на вести и информации, медиумите се имаат претворено во конфесии чија главна мисија е да ја докажат правоверноста на своите наративи при што погрешноста на ривалската вера и приказните за глупоста „на оние другите“ се главна содржина на медиумските литургии.
Њузлетер платформата однапред му плаќа на Паланиук за книга под наслов „Позелени пасишта“ (Greener Pastures), без никакви обврски околу тоа што и како ќе пишува.
Шаблонот секогаш е ист. Одиме на места на кои не сме добредојдени, на јавноста ѝ кажуваме дека проблемот може воено да се реши и лажеме за нашите мотиви за окупирањето на земјата. Потоа избираме да поддржиме локален цивилен политички авторитет кој неизбежно се покажува дека е корумпиран и репресивен, само зголемувајќи ја локалната одбивност кон американското присуство.
Пренесуваме (во два дела) една темелна ретроспектива на оина што се случуваше во САД во последниве 4-5 години ( а се случува сешто) која објаснува како и зошто милиони Американци изгубија верба во институции и медиумите и се закотвија во кампот Трамп, откако увидоа каква „шарена револуција“ им се монтира пред очи.
Кога приватни интернет платформи користат владини упатства при одлучувањето кои содржини да ги отстранат од социјалните мрежи, дали сепак се работи за државна цензура?
Пред неколку години го набркаа од факултет затоа што дошол на работа во денови кога не требало да доаѓаат белци. Сега го бркаат од Јутјуб, иако тоа што своевремено го зборуваше, во меѓувреме стана меинстрим опција.
Доктор Ентони Фаучи е директор на американскиот институт за алергии и заразни болести цели 35 години (од 2 ноември 1984 година). Во ерата на Трамп стана ѕвезда не само заради функцијата која ја имаше во пандемијата туку и затоа што медиумите го портретираа како витез на науката во борба против самоволието на претседателот. Трамп веќе го нема и на Фаучи брзо му падна медиумскиот имунитет.
Кога Трамп викаше дека вирусот е избеган од Вухан, тоа беше одвратна теорија на заговор. Сега, кога доктор Фаучи признава дека не е убеден дека вирусот природно се развивал, туц-муц.
Оние кои порано се бореа против непотребно и прекумерно следење и шпионирање на своите сограѓани, за многу кратко време станаа промотори на кодошлук. Угледни медиумски аутлети сега промовираат новинарство кое се спроведува во соработка со разузнавачките и шпионски служби.
Американскиот претседател најави конечно повлекување на САД и сојузниците од Авганистан. Земјата се напушта со повеќе територија под контрола на Талибанците отколку што беше случај пред да стапнат таму. Одличен проект.
Американска непрофитна организација која влегува во незгодни теми како што е ГМО и потеклото на коронавирусот, осети како одеднаш може да се стане невидлив, односно закопан во длабочините на интернетот. Класична кафкијанска ситуација, само што денес зад неа не стои државната бирократија туку алгоритмите.
Човек што читал стари комунистички весници не може да не се згрози или бар да не се преврти од смеење со каква тоа сериозност и бесрамност се фалеа некогашните најголеми синови на народите или Партијата која е исто со народот. Кој можеше да помисли дека тој стил денес ќе се чита во американскиот печат?
Мала, неизбрана група на директори на моќни гиганти, со секири влегуваат во просторот на слободниот говор и мисла а чирлидерки се прогресивни политичари. Што може да тргне наопаку?
Фактот дека медиумските стручњаци и репортери го предводат санитизирањето на сè што е различно и создаваат култура на едноумие е неверојатно морничав. Лошо е што довербата во медиумите е намалена, но уште полошо е што многумина од новинарската фела сметаат дека тоа воопшто не претставува никаков проблем.
Позајмил: 79.000 долари. Досега платил: 190.000 долари. Уште колку должи? Уште 236.000 долари! На свои 59 години, Крис побарал од банката да репреговараат: „Статистички, имам да поживеам уште 15 години. Со вакво темпо, нема да добиете многу... “ Нивната реакција била: „И?“
Иако се чинеше дека новите форми на цензура кои се правдаат со борба против лажни вести првенствено се насочени кон крајната десница, левицата (онаа традиционална, не оваа новата мода на снегулките) со години ја трпи опресијата на алгоритмите.
Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“, се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
Случајот го пренесовме кога беше тазе (види “Фејсбук и Твитер цензурираа текст на Њујорк Пост против Бајден“), но ситуацијата вреди да се стави во поширок контекст за да се доловат двојните стандарди на моќните социјални мрежи и нивното опасно играње со цензурата и слободата.
Иако непријателството меѓу Доналд Трамп и CNN личи на епско непријателство до истребување кое ја обележува политичката ера на Трамп, зад кулисите работите стојат многу поинаку.
Тоа што пред некое време го имавме како скеч, се потврдува и со сериозни студии: колку и да се трудат да звучат како да се на спротивни и непомирливи политички позиции, и задртите крајни десничари и самопрогласените разбудени прогресивци се во суштина слични карактерни профили: дрвачи кои би да ги контролираат другите.