Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Инстаграм ја исклучи заштитата на приватност на пораките

8 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Корисниците на Инстаграм од денеска повеќе нема да можат да испраќаат заштитени приватни пораки. Исклучувањето на енкрипцијата „од крај до крај“ (E2EE) му овозможува пристап на Инстаграм до целата содржина на директните пораки, вклучувајќи слики, видеа и гласовни белешки.
  • „Шифрираните пораки на Инстаграм повеќе нема да бидат поддржани по 8 мај 2026 година. Ако имате разговори засегнати од оваа промена, ќе видите упатства како да ги снимите“, соопшти матичната компанија Мета.
  • Ова е голем пресврт во политиката на Мета, која ја застапуваше Е2ЕЕ како „златен стандард за приватност на корисниците“. Во 2023 година ја вгради во Фејсбук месинџер и ја направи опционална во Инстаграм, со план да ја направи стандардна.
  • E2EE е стандарден систем во Signal, WhatsApp, Facebook Messenger, Apple's iMessage и Google Messages. Telegram го нуди како опција. X нуди сличен систем за директни пораки. Snapchat го користи за фотографии и видеа. Discord планира стандардни енкрипции на гласовни и видео повици. TikTok нема планови да ја воведе технологијата за директни пораки.
  • Групи за заштита на деца долго време бараа да биде укината оваа најбезбедна форма на онлајн пораки, оценувајќи дека дозволува ширење на екстремна содржина онлајн без властите да можат да интервенираат. Затоа настрада приватноста.
  • Викторија Бејнс, професорка по ИТ на колеџот Грешам, верува дека причината за одлуката е покомплексна. „Платформите ги монетизираат нашите комуникации, нашите објави, лајкови и пораки, за да можат да прикажуваат насочено рекламирање. И сè повеќе компании како Мета се фокусираат на обука на модели со ВИ за кои податоците за пораки можат да бидат исклучително вредни“, вели Бејнс.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оффнет, корисничка поддршка

Двогласие

Додека Принц цимоли јако

Зошто во Јапонија нема масовни пукања?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy