Очекуван хаос околу Ритенхаус

Ослободителната пресуда за младиот Кајл Ритенхаус ги зацврсти идеолошките ровоови ископани околу овој случај, во кој за едните тој е патриотски херој а за другите морален монструм и доказ за постоење системска бела супремација. „Одлуката е шокантна само ако сте пропуштиле цела година лошо новинарско известување околу овој случај“, вели Мат Таиби.

Кајл Ритенхаус беше прогласен за невин по сите шест обвиненија против него за пукањата во Кеноша, Висконсин, во кои загинаа две лица а едно беше повредено.

Ослободителните пресуди ги разбудија активистите кои се во посткоитална депресија откако го нема Трамп, а можни се и немири.

„А како да биде поинаку? Колегите од националните медиуми цела година ја убедуваа нацијата дека 18 годишниот дечко не само што е виновен туку е и морален монструм чие ослободување би била отворена шлаканица и убедлив доказ дека постои системска супремација на белците,“ пишува Мат Таиби.

Да го читате него, па да го читате, на пример Рајан Борт од Ролинг Стоун (магазин во кој Таиби со години беше главно перо) е како да читате за два целосно различни настани.

Не треба многу за да се долови улогата на медиумите во креирањето поларизирачка ситуација околу оваа тема.

На пример, Ритенхаус изгледаше вака додека се читааа одлуките на поротата, со тресење, со паѓање во несвест, со сè.

Па сепак, Њујорк Тајмс реши ослободителната пресуда да ја илустрира со фотографија која сугерира арогантна насмевка на „моралниот монструм.“

Ако сте назад со самата приказна, 25 минутно видео (од ЊЈТ)

 

21 ноември 2021 - 09:34