ПЦР нобеловецот предупреди на типови како Фаучи уште пред 25 години

Доктор Ентони Фаучи е директор на американскиот институт за алергии и заразни болести цели 35 години (од 2 ноември 1984 година). Во ерата на Трамп стана ѕвезда не само заради функцијата која ја имаше во пандемијата туку и затоа што медиумите го портретираа како витез на науката во борба против самоволието на претседателот. Трамп веќе го нема и на Фаучи брзо му падна медиумскиот имунитет.

Главниот американски епидемиолог и советник за корона пандемијата деновиве е во центар на скандал откако беше доведена во прашање неговата искреност околу потеклото на вирусот. Благодарејќи на законот за достапност на информации, Вашингтон пост и Базфид дојдоа во посед на десетици илјади работни меилови на доктор Фаучи кои го покренуваат прашањето што клучниот човек на американското здравство знаел за потеклото на вирусот. 

Таа приказна допрва ќе се отплеткува но веќе им станува ноќна мора на многумина, особено на оние кругови кои од Фаучи направија тотем и непроценлив сојузник против Трамп.

„Кога Трамп викаше дека вирусот е избеган од Вухан, тоа беше одвратна теорија на заговор. Сега, кога доктор Фаучи признава дека не е убеден дека вирусот природно се развивал, туц-муц“, го најавивме текстот на Мат Таиби во статијата „Проверувачите на факти уште еднаш си добија плескање“

Во атмосфера во која Фаучи веќе ја нема својата стратешка тежина (бидејќи го нема Трамп), на сила и популарност добиваат некои содржини кои до пред некое време не беше коректно да се истакнуваат.

На пример, мислењето кое за него јавно уште во 1996 година го искажа Кери Мулис, преклани починатиот нобеловец кој ја доби оваа најпрестижна научна титула во 1999 година, за развивање на ПЦР (polymerase chain reaction) тестот, кој масовно се користи за дијагностицирање на коронавирусот.

Накратко, Мулис тврди дека Ентони Фаучи нема врска со медицината ама и дека нема никаков  проблем да лаже на телевизија.   

„Луѓе како Фаучи ќе излезат и без проблем ќе зборуваат иако тој не знае ништо за било што. Тоа и во лице би му го кажал. Човекот мисли дека можеш да земеш примерок од крв и да го ставиш по електронски микроскоп и ако има вирус таму, одма сè ќе знаеш. Тој не ја разбира електронскиот микроскопија, тој не ја разбира медицината и не заслужува да биде на позицијата која ја држи.“

„Повеќето од овие дечки кои се на врвот се комплетни административци и немаат блага врска што се случува во организмот. Таквите имаат агенда, што не е причината поради која ги плаќаме, туку ги плаќаме за некако да се грижат за нашето здравје. Не, тие имаат лична агенда. Си смислуваат свои правила, ги менуваат како сакаат. Па уште горди, како Тони Фаучи, ќе излезат на телевизија и директно и во лице ќе ги лажат луѓето кои го плаќаат.“

За ПЦР тестовите и како тие често погрешно се третираат, слушнете го лично нивниот изумител, во нашата статија од октомври 2020 година, „PCR тестовите не се све и свја“.
 

4 јуни 2021 - 14:52