Изумител на PCR тестовите е доктор Кери Банкс Мулис, кој почина лани.
*********
Било кој учебник по мукробиологија во поглавје Инфекција и заразна болест пишува: контаминација, колонизација, инфекција и заразна болест.
За болест треба клиничка слика. Ако е инапарентна инфекција (без симптоми), треба реакција на организмот кон причинителот (леукоцити, црп, антитела итн). При контаминација и колонизација нема реакција на организмот.
E.coli е супер пример. Ако е најдена во мал број во урината тоа е контаминација. Најдена е во над 1 милион во 1 мл, во седиментот на урина (нема леукоцити, нема симптоми), тоа е колонизација. Ако има маса леукоцити и изолирана бактерија, тоа е инфекција без симптоми, и на крај ако има симптоми, изолирана бактерија во над милион на мл и маса леукоцити, тоа е болест.
Значи и при контаминација и при колонизација и при инфекција и при болест изолираме E.coli, но само при болест или инфекција соопштуваме позитивен резултат. Кај Ковид 19 само еден брис од носот и се пишува заболен, а може да е контаминација, колонизација или инфекција. Нонсенс. Нас така не учеле, ние така ги учиме студентите и сега треба да докажуваме дали рнк на овој вирус во носот е болест. Дали E.coli во урина е болест. Може да е, може да не е. Треба клинички преглед, други тестови итн.
Од кај Ковид 19 испадна исклучок? Заболени, па оздравени. Ниту заболеле, а нормално ниту оздравеле, само имале позитивен наод во носот и толку.