Далечинскиот управувач во едната рака, пивото во другата. Најелитниот клупски европски фудбал кој секогаш со душа го чекаме стартува вечерва со осум натпревари. Највозбудливо се очекува да биде во Истанбул каде Реал Мадрид го чека пеколна атмосфера од темпераментните турски навивачи.
Клубовите од Премиер лигата летово на купување играчи потрошија 622 милиони долари повеќе отколку што заработија од продажба, разлика која можат да си ја дозволат заради парите што ги добиваат од Азија.
Како поткрепа на новите рекорди во продажба на билети во англискиот фудбал за кои пишувавме вчера, стигна најновото истражување од островот според кое цените за гледање фудбал паднале за 2,4% во првите четири лиги.
На неколку денови до затворање на трансфер периодот, клубовите од Премиер лигата се на добар пат да го срушат рекордот во трошење на пари за нови фудбалери.
Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.
Лос Анџелес Лејкерс најмногу се опуштиле во делење плати минатата сезона и за надминувањето на селари капот ќе треба да искешираат дополнителни 30 милиони долари. Но има и такви кои пазат на секој долар и во изминатава декада ниту еднаш не го надминале лимитот.
НБА лигата ја одреди сумата на селари капот кој за сезоната 2013/14 ќе изнесува 58,7 милиони долари, а минатата сезона најмногу над лимитот за плати преминале ЛА Лејкерс кои ќе треба да платат дополнителен данок од скоро 30 милиони долари.
Спектакуларната финална серија во НБА лигата ќе го добие својот крај на седмиот натпревар во кој ќе го добиеме името на новиот шампион. Кошаркарите на Мајами Хит предводени од фантастичните Леброн Џејмс и Реј Ален по продолженијата славеа со 103:100 и стигнаа до седми решавачки меч.
Сан Антонио Спарс поведоа со 2:1 во финалната серија во НБА лигата откако го победија Мајами со 36 разлика (113:77) благодарение на рекордните 16 тројки.
Пехарот и медалите од Лигата на шампионите сосема заслужено завршија во рацете на фудбалерите на Баерн Минхен, но не им беа цврсто закачени на врат. Рибери му го пронајде на Манџукиќ и веднаш му го врати, а оној на Жером Боатенг се прошета низ Европа и по неколку дена повторно се најде кај првакот.
Кралот Џејмс не беше задоволен на полувремето од петтиот натпревар кога неговиот тим губеше со 4 разлика од Индијана, па реши да ги мотивира своите соиграчи.
Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.
Песната не е певлива, не е оригинална и никогаш не била на топ листа, но сепак 98% од луѓето ја препознаваат, а секој фудбалски фан се наежува кога ќе ја слушне. Тоа е химната на Лигата на шампиони.
Кога ќе стигнете на Вембли, одма се осеќа духот кој овој стадион го има. Како да знаеш дека влагаш на место кое има историја од 100 години неверојатни утакмици. Сум акал по многу стадиони у светов, ама ретко да осетиш таква енергија како овде.
Најквалитетното европско натпреварување помеѓу најдобрите екипи од стариот континент постои од 1955 година под називот Куп на шампиони или Европски Куп, но пред 20 години УЕФА одлучи да го применува во името „Лига на Шампиони". Екипата која прва го подигна пехарот под новиот назив е Олимпик Марсеј.
Гери и Фил Невил и Франк и Роналд Де Бур се најпознатите браќа кои оставија белег во фудбалот и кои ќе останат запаматени во пакет. Но на фудбалската европска сцена од наредната година ќе гледаме две нови имиња на кои им престои блескава иднина.
Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.
Германската машинерија повторно ја посрамоти Барселона и со вкупен резултат од 7:0 го елиминираше шпанскиот гигант кој беше тотално немоќен и пред своите навивачи. За прв во историјата на Лигата на шампионите ќе гледаме германско финале.
Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампиони. Реал Мадрид извојува пирова победа од 2:0 и Германците со вкупни 4:3 се пласираа во финалето од најелитното европско клупско натпреварување кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.
Фудбалерите на Жозе Мурињо треба да го одиграат натпреварот на годината и да блеснат во најдоброто можно издание за да ја анулираат високата предност на Борусија од првиот дуел. Пример треба да им биде Депортиво кој во 2004 година го шокираше Милан.
Екипата на Борусија Дортмунд го следеше примерот на Баерн Минхен и со четирите гола на фантастичниот Левандовски го декласираше Реал Мадрид со 4:1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. На повидок е германско финале.
Баерн Минхен ја надигра Барселона и сосема заслужено ќе патува на реваншот со голема предност, но сепак останува впечатокот дека судијата Виктор Касаи донесе неколку неправилни одлуки со кои директно делуваше на натпреварот.
Каталонскиот тим предводен од најдобриот играч на планетата Лео Меси беше тотално надигран и немоќен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Баерн обезбеди убедлива предност од 4:0 на првиот дуел на „Алијанц арената" во Минхен и е речиси финалист.
Во наредните два дена фудбалска Европа ги нуди двете големи полуфинални битки од ЛШ, во кои Баерн и Борусија Дортмунд на првите дуели им се домаќини на Барселона и Реал Мадрид. Погледнете ги какви се привилегиите на германските навивачи во однос на шпанските.